Насловна / Вести / „Секс Пистолс“ – заштитено културно наследство на Лондон

„Секс Пистолс“ – заштитено културно наследство на Лондон

Карикатурите и графитите што се наоѓаат на ѕидовите од старите куќи во лондонската улица „6 Денмарк Стрит“, во која живееја и свиреа членовите на панк бендот „Секс Пистолс“, ставени се на пописот на заштитени културни добра.sex pistols kulturno nasledstvo

Одлуката карикатурите на Џон Лидон, кој како пејач на „Секс Пистолс“ се прослави со името Џони Ротен, ја донесе Хисторик Ингланд, задолжена за заштита на културното наследство.denmark strit

Меѓу заштитените артефакти е и автопортретот на Џони Ротен. Заштита добија и карикатурите, графитите и стрип илустрациите на басистот на таа група, Сид Вишис, на кои се неговата тогашна девојка Ненси Спунген и менаџерот Малком Мекларен.seks pistols grafit

Британскиот министер за културно наследство Дејвид Евенет изјави дека куќата од 17 век во која живееле не е значајна само како сведок на стара архитектура, туку и симбол на влијанието на квартот Сохо врз глобалната музичка индустрија во 60-тите и во 70-тите години од минатиот век.

Испрати коментар

Scroll To Top