Во Бугарија, од овој месец на сила стапија измени во системот на наплата на патарини. Имено, во пресметката на износот на патарината за возилата со маса над 3,5 тони, e вклучена и класификацијата според количината на емисии на јаглерод диоксид (CO2). Промената е дел од обврските кои произлегуваат од ЕУ регулативата, односно Директивата (EU) 2022/362, со која се предвидува постепена примена на CO2 класификацијата во сите земји членки.

За користење на калкулаторот за определување на емисиите на CO2, потребно е да се отвори account преку e-mail адресата и да се внесат техничките податоци за возилото врз основа на информациите од сообраќајната дозвола, сертификатот за усогласеност или документ со информации за купувачот. Системот нуди и примери на документи со цел правилно да се внесат податоците.

Возилата кои за прв пат се регистрирани пред 01.07.2019 година, автоматски се вбројуваат во CO2 класа 1 и за нив не е потребна дополнителна регистрација. Возилата кои се регистрирани после тој датум, и имаат мотори со внатрешно согорување, можат да бидат распределени во класи од 1 до 4, при што класификацијата во повисока класа важи шест години од првата регистрација. Електричните возила и возилата на водород спаѓаат во CO₂ класа 5, и тие ќе плаќаат најниски давачки.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија