Насловна / Вести / Богоев побара од СВР Скопје полицајци да дежураат кај депонијата кај „Борис Трајковски“

Богоев побара од СВР Скопје полицајци да дежураат кај депонијата кај „Борис Трајковски“

Општина Карпош почна со чистење на теренот во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, кој изминатава недела гореше два пати.

„Oд утринава на терен интензивно се работи со соодветна тешка механизација, а во акцијата ќе се вклучат и комуналните служби на Општината. Исто така, од 16 часот на овој дел ќе дежураат двајца комунални редари на локалната самоуправа“, велат од Општината.

кр_resize

Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, се обратил и до СВР Скопје со барање за зголемени полициски патроли на овој предел и за дежурства во текот на викендот и претстојните денови.

„Затоа што станува зор за свесно палење на оваа површина, бараме зголемени полициски патроли и евентуални дежурства во попладневните часови, во текот на денешниот ден, викендот и во претстојните неколку денови во овој дел од Карпош. Бараме зголемени полициски патроли за да го обезбедиме овој потег и конечно да се најде и санкционира сторителот/сторителите“ стои во дописот на Богоев до СВР Скопје.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top