Насловна / Архитектура / „Бездушен“ забавен центар освои награда за најгрда зграда во Велика Британија за 2018 година

„Бездушен“ забавен центар освои награда за најгрда зграда во Велика Британија за 2018 година

Забавниот центар во англискиот град Стокпорт, по проект на архитектонското биро BDP, освои неславно признание Carbuncle Cup 2018.
Како што постои Златна малина во филмската индустрија за најлоши филмски остварувања, така во Велика Британија покрај бројни натпревари за најдобра архитектура се организира и избор за најгрда зграда Carbuncle Cup во организација на архитектонскиот сајт Building Design (BD). Оваа година ова неславно признание го освои зградата на забавниот центар наречен Redrock Stockport кој се наоѓа недалеку од Манчестер.
Проектот вреден 45 милиони евра жирито го нарече „пропуштена шанска“ и додаде дека им е „жал за жителите на Стокпорт“.

2
Фасада од панели, сини, и црвени опфаќа зграда во која се сместени кина, продавници, ресторани, теретана и гаража на повеќе нивоа. Зградата е изградена по проект на бирото BDP во рамки на мастерпланот вреден скоро милијарда евра кој треба да го ревитализира и регенерира овој град, пишува Dezeen.

1
„Урбаната ревитализација е добра работа, но не по секоја цена“, вели жирито. „Но кога таа станува изговор за провлекување на лоша архитектура по принципот се е подобро од тоа да нема ништо, тогаш тоа остава лоша порака и не го решава проблемот“.
„Фактот што постојат многу примери на оваа бездушна архитектура во градовите во Британија не го оправдува постоењето на забавниот центар Redrock“.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top