Насловна / Арт и дизајн / Банкси: „Како уништив слика од милион фунти“

Банкси: „Како уништив слика од милион фунти“

Мистериозниот уметник Банкси открил како наместил неговата слика, продадена за повеќе милиони фунти, да се самоуништи, буквално неколку минути откако е продадена. Во снимката која ја објавил на својот Instagram налог напишал: „Пред неколку години сокрив механизам за уништување хартија во рамката на една слика“. Заедно со снимката, оставил и цитат на Пикасо: „Поривот за уништување исто така е творечки порив“.

2
Потсетуваме, сликата на Банкси „Девојче со црвен балон“ се „самоуништи“ неколку минути по нејзината продажба за 1.042 милиони фунти во аукциската куќа „Сотеби“, минатата недела во Лондон.
Победникот на аукцијата се јавил на телефон околу 21 часот и за сликата понудил многу повеќе од проценетата вредност околу 200-300.000 фунти. Но, веднаш штом водителот на аукцијата го спушти чеканот, сликата исчезна.

1
„Оди, оди, отиде…“, напиша Банкси веднаш потоа на Instagram проследено со фотографија од настанот.
Правиот идентитет на уметникот од Бристол се уште е непознат. Станал светски познат по серијата графити ширум Британија и светот. Со своите сатирични и духовити графити често го искажува незадоволството од војните и капитализмот.

Испрати коментар

Scroll To Top