Насловна / Author Archives: Порта3 (page 1600)

Author Archives: Порта3

Feed Subscription

„Гугл” – десетгодишнина вредна за голема прослава

Image
По историскиот лапсус на Томас Вотсон, претседател на ИБМ, направен во далечната 1943 година, кога како експерт во областа предвидел дека во иднина светскиот пазар ќе има потреба од пет компјутери, денес никој не се обидува да даде некоја песимистичка прогноза која се однесува на иднината на Информатичката технологија. Дури напротив, се почесто можат да се слушнат изјави, предвидувања и тоа на вистински ИТ авторитети, кои се далеку неверојатни и оптимистички. Предвидувањата за иднината на ИТ станаа повеќе од мода бидејќи сите сакаат да бидат запаметени како визионери чија прогноза се исполнила. Во случајот со ИТ за да се види дали овие предвидувања ќе се исполнат не мора да се чека многу. ИТ расте со вртоглаво темпо, па кажаното вчера, станува реалност веќе денес. Затоа најомилена тема на “ИТ прогнозерите“ е “Гугл“, компанија позната по својот сервис за интернет пребарување, која бележи неверојатни успеси, а пред се и одлични финансиски резултати. Компанијата на 7 септември годинава ја одбележи својата десетгодишнина, а тоа беше причина да се согледа почетокот, сегашната состојба и иднината на компанијата и влијанието што таа (ќе) го има на општеството (во иднина).

повеќе »

ИСПОЛНЕТ АМАНЕТОТ НА ТОШЕ ПРОЕСКИ

Пуштен е во употреба новоизградениот пат од Крушево до манастирот “Св. Преобра- жение”. Овој православен храм вгнезден во пазувите на Баба Планина на висина од 1.600 метри, во јавноста познат како манстир кој го градеше Тоше Проески, со патот ќе ...

повеќе »

Преку Војводинска полесен пристап до Точила

Прилепската локална самоуправа продолжува со спроведувањето на годишната програма за подобрување на комуналната инфраструктура во градот и населените места. Во тој контекст деновиве завршија работите на асфалтирањето на улицата Војводинска, преименувана во Браќа Миладиновци, по што повторно е пуштена во ...

повеќе »

ПО КОНКУРСОТ НА ОПШТИНАТА АЕРОДРОМ: Големо интересирање за уредување на улицата на Тоше

Image
Дваесетина архитектонски труда за уредување на пешачката улица, што го носи името на нашата мегаѕвезда Тоше Проески, во Ново Лисиче и на околниот простор досега пристигнале на Конкурсот што неодамна го распишаа општинарите од Аеродром. Конкурсот е се уште отворен и ќе трае до 1 октомври годинава. Од Општината велат дека очекуваат инвентивни идеи за уредување на мал меморијален парк кој најмногу ќе биде во функција на младите, а ќе го слави ликот и делото на музичкиот великан Проески.

повеќе »

Општината ќе ги уништи условите за живот во центарот

Image
ОСТРИ РЕАКЦИИ ОД ЖИТЕЛИТЕ ЗА ДУП ЗА ГОЛЕМИОТ РИНГ АКО ОВОЈ ДЕТАЛЕН ПЛАН СЕ УСВОИ, ГРАЃАНИТЕ ЌЕ ГО ОСПОРАТ ПРЕД УСТАВНИОТ СУД

Ако Деталниот урбанистички план за Големиот ринг-исток, односно за просторот околу Зеленото пазарче се усвои без да се прифатат реакциите од граѓаните, тие најавуваат дека ќе поднесат претставка до Уставниот суд за да се преиспита неговата законитост. Планот, кој во почетокот на август беше изложен во нацрт-верзија во Месната заедница “Роберт Гајдиќ“, ги шокира сите пет илјади жители на ова подрачје, бидејќи со него се предвидува пазарот да се дислоцира и на неговото место да се изгради парк, речиси сите зелени површини да станат паркиралиш та или сообраќајници, како и да се изгради катна гаража врз паркингот до “Аутомакедонија“. Досега се поднесени многу забелешки до Општина Центар, а од таму велат дека надлежната комисија ги разгледува анкетните листови и наскоро ќе поднесе извештај што се прифаќа, а што не.

повеќе »

ЉУПЧО БОРАНИЕВ

Image
Љупчо Бораниев, директор на Бортас

СО НОВИОТ ЗАКОН ЌЕ СЕ ИСЕАТ ТИЕ ШТО РАБОТАТ СО ЧАНТА И ПЕЧАТ ВО НЕА

повеќе »

Архитектурата е во центарот на вниманието на Олимписките игри 2008

Image
Деновиве, актуелни се претстојните Олимписки игри во Пекинг. Интересно е да се спомене дека како се доближува стартот, на јавноста се чини воопш то не и е позната официјалната маскота Фува и нејзините четири пријатели кои ги претставуваат најпознатите животни во Кина. Вообичаено, маскотата е она што се појавува прво во умот на човекот секогаш кога ќе се спомне олимпијада. Олимписките игри во Сараево 1984 се паметат по Вучко волкот, Рони ракунот не потсетува на Лејк Плесид 1980 итн. Но, овој пат на задоволство на архитектите, архитектурата е во центарот на вниманието на овогодинешните игри. Националниот стадион во Пекинг, попознат како “Птичје гнездо", кој е изграден за потребите на Олимписките игри, е веројатно најекспонираната тема летово.

повеќе »

ArchiCAD 12 најбрзиот BIM на светот

Image
Деловниот објект “Воросмарти Тер" на унгарскиот архитект Ѓорѓи Фазакаш, лоциран во Будимпешта, Унгарија, е новиот објект - заштитен знак на најновата верзија на ArchiCAD - ArchiCAD 12. Во иднина овој објект ќе биде препознатлив на сите ArchiCAD случувања.

По најавите, конечно минатата недела ArchiCAD 12 го виде белиот ден. Најдоброто од “Graphisoft" и овојпат ќе ги израдува CAD/BIM зависниците, бидејќи содржи навистина иновативни алатки. Иако можеби оваа верзија не е револуционерна, таа во себе носи многу новитети и ја следи својата природна еволутивна траекторија. Како и да е, сите новини во апликацијата се резултат на решавање на посочените проблеми.

Брзина.

повеќе »

ИВАН МИРКОВСКИ

Image
Архитект Иван Мирковски

Да учиме од настаните во минатото, но да гледаме напред, да ги следиме светските трендови

повеќе »
Scroll To Top