Белорускиот сојуз на архитекти упати покана до архитектите од ААМ за учество на Биеналната изложба во Минск, „Леонардо 2011“. Право на учество имаат архитекти до 40 години. Целта на биеналето е работата на младите архитекти меѓународно да се вреднува, прикаже и истовремено да се претстават трендовите кои доаѓаат.
Author Archives: Порта3
Feed SubscriptionВо општина Новаци изградена фотоволтаична електрана
Новаци - Градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски денеска соопшти дека во селото Гермијан заврши изградбата на фотоволтаична централа.
159
Милано, ајде позелени!

Франческо Читро - Имаме многу бои, нè има многу, а нè спојуваат мноштво идеи. Освојувачи сме на просторот!“
Натпреварувањето за ЕКСПО 2015 започнува тука на плоштадот Дуомо, каде што архитектот Ренцо Пиано предложи да посади неколку дрвца, со цел да се даде јасен знак дека нештата се менуваат, дека ни е потребен позелен живот и позелено место за живеење.
повеќе »Метод на апликативни елементи
![]()
Конкурсот – потврдена метода за компаративно одмерување на идејни решенија
![]()
Закон за градење
Закон за градење
повеќе »158
Спасот е во одржливи решенија за комуналниот отпад
Од година во година, ние во Македонија
се обидуваме да го копираме „американскиот
начин на живот“ - познатата “throw away" култура,
според која, производите и добрата се користат
нецелосно, односно се фрлаат и се менуваат со
нови пред воопшто да им заврши животниот век.
Автентичност која исчезнува
За време на владеењето на султанот Мурат II (1421-1451),
бил донесен ферман со кој штипското Ново Село било прогласено за
војничка и чуварска населба, и добило посебни права и привилегии. Тука,
сè до почетокот од минатиот век, живееле голем број богати фамилии,
кои во свои раце ја имале трговијата и занаетчиството на градот Штип.
Архитектурата на градот вон дневната политика
„Овој фестивал е на едно друго ниво, многу повисоко од локалното. Политичкиот контекст на
архитектурата не е ендемичен за Скопје. Тоа се случува насекаде. Гостувачките архитекти се запознаени
со таа појава, тоа се професионалци кои со разбирање гледаат и на отоманската, и на метаболистичката,
и на архитектурата на Скопје 2014“, потенцираше Иван Мирковски, еден од организаторите на настанот.
Домот на операта – одамна видено кај нас?
Кога скопјанец ќе дојде во Осло и оддалеку ќе го види белото здание на Операта и
балетот, првата мисла е „многу личи на зградата на нашата Опера и балет“, па мислата
продолжува „Норвежаниве ја копирале и ја доразвиле идејата стара десетици години“.
Инвестициони проекти во градежништвото и енергетиката во Македонија
Oд капиталните проекти во Република Македонија е завршена т.н. втора фаза на изградба на
Хидросистемот „Злетовица“, односно е изградена браната „Кнежево“ со придружните објекти. Во
фаза на изведба е и браната „Света Петка“ на реката Треска, од типот на двојно закривена лачна
брана со градежна висина околу 60 метра.
Целосна летаргичност во македонската архитектура
Членовите на ААМ го усвоија Правилникот за конкурси, и донесоа одлука да ја повикаат Комората
на овластени архитекти и инженери да свика Годишно собрание, со што се верува ќе се стави крај на
енормното незадоволство на струката, предизвикано од нејзината неактивност и незаинтересираност.
Во Македонија има 2.000 регистрирани архитекти, а само 60 од нив се регистрирани со членарина во ААМ.
Во Пехчево почна изградбата на нов хотел

Пехчево - Компанијата „Кит - Го“од Штип почна со изградба на хотел во центаротна Пехчево. Објектот, што ќе се наоѓа покрај кејот на Пехчевска река, се гради според европскистандарди и ќе има капацитет од 60 легла.
повеќе »
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија