Длабоко во босанската, зимзелена планина Дединовец, на 4 километри
североисточно од местото Коњиц, се наоѓа голем нуклеарен бункер, кој бил
изграден по наредба на претседателот на Социјалистичка Федеративна
Република Југославија, Јосип Броз Тито. Куќите пред бункерот, преку кои
се влегува во него, никако не укажуваат дека зад нив се наоѓа цел
масивен лавиринт од нуклеарно засолниште.
повеќе »
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија
Центарот за интерактивно истражување на одржлив развој, лоциран во
Универзитетот Британска Колумбија, во Ванкувер, Канада, е дом на повеќе
од 200 истражувачи од приватни, државни и невладини организации чијашто
цел е да се промовира одржливиот развој. Опремен со лабораторија,
канцеларии, сали за состаноци и социјални места, Центарот е организиран
во две четворокатни крила поврзани со атриум кој служи како лоби на
објектот од кој исто така се влегува и во амфитеатар со 450 седишта.
Фирмата "Инженеринг импекс СА" добивала повеќе награди во текот на своето повеќедецениско постоење, но годинава доби уште едно мошне важно призание - Главната награда за архитектура на град Скопје. Архитектот Мишо Арсов вели дека исклучителноста на објектот "Брути", за кој ја добиле наградата, е неговата хармоничност и отсуството на непотребна декорација. Да слушнеме кои се неговите гледишта за архитектонските трендови во светот и кај нас.
Каква е состојбата на рудничките хидројаловишта во нашава држава? Како
тие се градени и како со нив денес се управува? Дали овие големи брани
во кои се складира јаловината од рудничките флотации се закана по луѓето
и животната средина во Пробиштип, Македонска Каменица, Радовиш и Крива
Паланка, градови во чии близини се наоѓаат нашите големи рудници
"Злетово", "Саса", "Бучим" и "Тораница"?
Дрвото е извонреден материјал кој убаво изгледа, цврст, издржлив и
еколошки прифатлив за околината. Во ова време кога сè повеќе се зборува
за зелена градба, дрвото е најдобриот избор за градење. Ја прочистува
атмосферата додека расте и ја храни земјата на крајот од неговиот
животен циклус. Дрвото е единствениот вистински обновлив материјал за
градење.
"Работев две и пол години со два саати спиење", вели Крсто Тодоровски,
годинешниот добитник на наградата "Андреја Дамјанов", која ја доделува
ААМ. Голем е неговиот придонес од областа на просторното и
урбанистичкото проектирање во Македонија. Меѓу позначајните активности
се проектирањето на Хидрометеоролошкиот завод во Скопје, хотелот
"Макпетрол" во Маврово, реконструкција на Ристиќева палата,
ревитализација на манастирите "Св. Јоаким Осоговски" и "Св. Јован
Бигорски" и многу други.
Ѓорѓи Гошев е градежен инженер и управител на "Геоконтрол". Гошев вели
дека целта на градежната компанија, што поседува и лабораторија за
испитување на градежните материјали, е да ги следи помалите фирми, да
им биде надзор на изведбата и да го контролира квалитетот на нивната
работа. Меѓу проектите што ги имаат реализирано се: реконструкција на
плоштадот "Гоце Делчев" во Струмица, проектирање на црквата Св. "Ѓоргија
Победоносец" во населба Горно Лисиче, контрола на квалитет на повеќе
станбени и административни згради во Скопје и Струмица и друго.
Проширувањето на Панамскиот канал е проект на векот, кој, според
предвидените проценки, ќе чини околу 5,5 милијарди долари и ќе заврши во
2014 година. Новиот канал што се гради паралено со стариот ќе биде долг
80 километри, длабок 15 метри, а низ него ќе поминуваат бродови широки
до 49 метри.
Tранзиционалниот период на реструктурирање на социјалните мрежи во
глобализираното општество резултира со различни архитектонски
експерименти со нов тип на односи и процеси на размена, поддржани од
интерактивни медиумски алатки. Содржините на медиумските фасади и
дигиталните подвижни слики во јавниот простор стануваат истражувачка
визуелна зона на урбаните средини.
Македонската публика овој месец имаше уште една ретка можност да
присуствува на предавањето на познатиот швајцарски архитект Аурелио
Галфети, кое се одржа во рамки на Недела на италијанскиот јазик во
Скопје. Како еден од главните претставници на таканаречената
Тичино-архитектура на 20 век, Галфети раскажа за историјата на
швајцарската архитектура и за архитектите што потекнуваат од оваа земја.