Насловна / Интервју / Интервју: За квалитетна градба е неопходен надзор

Интервју: За квалитетна градба е неопходен надзор

intervju-1-geo.jpgЃорѓи Гошев е градежен инженер и управител на "Геоконтрол". Гошев вели
дека целта на градежната компанија, што поседува и лабораторија за
испитување на градежните материјали, е да ги следи помалите фирми, да
им биде надзор на изведбата и да го контролира квалитетот на нивната
работа. Меѓу проектите што ги имаат реализирано се: реконструкција на
плоштадот "Гоце Делчев" во Струмица, проектирање на црквата Св. "Ѓоргија
Победоносец" во населба Горно Лисиче, контрола на квалитет на повеќе
станбени и административни згради во Скопје и Струмица и друго.

 

 "Геоконтрол" е фирма со широко поле на дејствување. градежништво, проектирање и надзор се дел од вашите професионални задачи. Ве молам, објаснете, кои се главните дејности на вашата компанија?

 

Целта на нашата фирма е да ги следи помалите фирми, да им биде надзор на изведба и да го контролира квалитетот на нивната работа, со што би станале поконкурентни на пазарот. Поголем дел од малите градежни фирми немаат луѓе кои работат на контрола на нивниот квалитет и вршење на лабораториски испитувања на материјалите што ги вградуваат. Ние вршиме надзор со комплетна контрола на квалитетот на градбата, изработуваме геомеханички елабо- рати, правиме контрола на бетони, геомеханика и асфалти, а изработуваме и проектна документација од областа високоградба, нискорадба и хидроградба. досега сте реализирале многу проекти од областа на градежништвото, како и надзор при изградба на објекти, патишта и друго.

 

intervju-1-geo.jpg

 

Кои се најчестите проблеми со кои се соочувате?

 

Проблем со кој најчесто се соочуваме е да ги убедиме инвеститорите и фирмите дека им е потребен квалитетен надзор на градба, редовна конт- рола на квалитетот, односно редовни лабораториски испитувања на мате- ријалите што се вградуваат во нивните објекти. "Геоконтрол" ги има бараните лиценци за компанијата, издадени од Министерството за транспорт и врски, како и овластувањата за вработените.

 

intervju-2-geo.jpg

Кои се критериумите за фирма од овој вид да се здобие со овие овластувања? колку сте подготвени кадровски да одговорите на предизвиците во вашата работа?

 Ние сме млада компанија која на домашниот пазар е малку повеќе од две години. Екипирани сме со искусен кадар кој се калел при реализација на го- леми проекти во нашата држава и во странство, но работел и на проекти инвестирани од Европска и Светска банка. една од вашите придобивки е тоа што поседувате градежна лабораторија.

 

Што точно значи тоа, што најмногу се испитува и дали е неопходно да се поседува лабораторија од овој вид?

 

Лабораторијата за испитување на градежни материјали е еден од деловите на нашата компанија на кои обрнуваме посебно внимание, затоа ин- вестициите што ги правиме најмногу се во таа област. Во завршна фаза сме и за комплетирање на акредитацијата на лабораторијата. За да имаме квалитети објекти, неопходно е материјалите што се вградуваат во градежните објекти да бидат контролирани од лабораторија. Контролираната и квалитетна градба е долгорочна инвестиција за секоја фирма. реконструкцијата на плоштадот "Гоце Делчев" во Струмица е еден од вашите проекти.

 

intervju-3-geo.jpg

 

Во што се состоеше вашата работа?

 

Изведбата на проектот Реконструкција на плоштадот "Гоце Делчев" во Струмица на тендер го доби фирмата "Жикол". Поради сериозноста на проектот и краткиот рок за негова реализација, "Жикол" ја ангажира нашата фирма да врши комплетна контрола на квалитетот на изведба и контрола на сите вградени материјали, како и изработка на проекти за бетон, геомеханички елаборати и завршни извештаи за вградените материјали. За овој проект "Жикол" од Друштвото за градежни конструктори на Македонија доби Признание за најдобро остварување во градежното конструкторство во 2010 година, за кое и ние имаме заслуга. освен со прокетирање на објекти, се занимавате и со проектирање на паркови и партерни уредувања.

 

Кажете ни нешто повеќе за просторот на крстосницата на булеварите "Јане Сандански" и "К.Ј. Питу" во населба Аеродром?

 

За општина Аеродром направивме неколку проекти за хортикултурно и партерно уредување, два од тие проекти се реализирани, како што е реша- вање на просторот на раскрсницата на булеварите "Јане Сандански" и "К.Ј Питу" и Паркот на езерата веднаш до спортската сала "Јане Сандански". Тоа беше новина за нашата фирма, но младиот перспективен проектантски тим, следејќи ги новините на светското проектирање и воден од искусниот архитект Зоран Стојановски, заврши одлична работа.

 

До каде се работите со улица "Првомајска" во Кисела Вода?

 

На улица "Првомајска" во Кисела Вода работиме како контролна лабораторија за "Алпине" и "Жикол", кои се иведувачи на проектот инвестиран од Град Скопје со кредит од ЕБРД. Кредиторот ги поставува условите и критериумите за квалитет, а работите се во завршна фаза.

 

intervju-4-geo.jpg

 

Кои се вашите позначајни проекти?

 

Проекти кои ги имаме реализирано и ги реализираме во моментот се: главен надзор на изградбата на три брани, два цевководи и хала за електролиаза, чиј инвеститор е Бучим – Радовиш, надзор на градба на сообраќајници и водоводи во Радовиш, контрола на квалитет на плоштадот "Гоце Делчев" во Струмица, со подземна сообраќајница и подземен паркинг, со урбана опрема и обложување со гранит со локалните улички и пешачки зони, проектирање на станбен комплекс во касарната во Струмица, станбена зграда во населба Железара, црквата "Св. Ѓорѓи" во населба Горно Лисиче, мостови на реките Дрвошка и Грдечка и друго.

 

 intervju-5-geo.jpg

 

Како ја оценувате состојбата во градежништвото во земјава?

 

Состојбата во градежништвото во нашата земја, можам да кажам дека е солидна, но за да добиваме подобри објекти потребно е да се обрне поголемо внимание при изработка на поквалитетна проектната документација, како и надзорот на градба и контролата на квалитет да се подигнат на повисоко ниво. сигурно имате зацртано правци на вашиот развој.

 

Во која насока се одвиваат работите?

 

Имаме многу планови, меѓутоа сакаме секој нов чекор за развој добро да го анализираме и испитаме пред да пристапиме кон негова реализација. Во овој период сакаме да ја комплетираме лабораторијата со уште методи за испитување, како и да ја завршиме нејзината акредитација. Во иднина планираме да набавиме пософистициран софтвер за проектирање на патишта и тој дел од проектирањето да го развиваме.

 

Кате Антевска

Испрати коментар

Scroll To Top