Ѕидари, фасадери, столари, покривачи на кровови, термоизолатери,
инсталатери, електричари и електромонтери се професиите што треба да се
дообучуваат за да може Македонија да има градби кои ќе бидат енергетски
ефикасни. Приоритет е надградба на системот за образование на возрасни,
следење и трансфер на европските искуства за дизајнирање на програми за
енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија за примена на
сертификациони шеми, градење на капацитет на образовните институции за
испорака на обуки согласно потребите за квалификувани работници и
идентификување и надминување на бариерите за реализирање на зацртаните
цели.
повеќе »