Насловна / Ентериери / Убавините и ужасите на „океанските“ простории

Убавините и ужасите на „океанските“ простории

ubavini-i-uzasi-na-okeanski-1.jpgАко работите во канцеларија од отворен тип, најверојатно сте си го
поставувале прашањето: кому му паднала во глава таа идеја, за која денес
плаќате и вие и вашите колеги? А сè почна пролетта 1962 година, кога на
студентот од четврта година на архитектонскиот факултет, Британецот
Френк Дафи, му порачаа да направи план за канцелариски простор.

 

 Дафи кон задачата пришол одговорно и почнал да проучува специјална литература. Тогаш тој наишол на некоја белешка за еден германски експеримент. "Работните столови беа наместени многу органски, таму имаше многу цвеќе во саксии и дури килим на подот", се сеќава Дафи.

ubavini-i-uzasi-na-okeanski-1.jpg

Тоа беше канцелариски простор од отворен тип, но не таков како што веќе беа познати во целиот свет. Првите такви канцеларии се појавиле уште пред повеќе од 100 години, кога архитектите од викторијанската епоха почнале први да го применуваат леаното железо за создавање големи простории.

Оваа идеја веднаш им се допаднала на Американците, кои во време на индустрискиот бум решиле на службениците да им ги "пренесат" искуствата од подвижните ленти. И ги седнале во редови, на мали клупи, претворајќи ги канцелариите налик на школски класови, но без учители. Оние што напредувале во работата добивале свои кабинети, а главниот шеф бил сместен во кабинет со широк поглед, за да може да ја следи работата.

 

КАНЦЕЛАРИСКИ ПЕЈЗАЖ

Во Северна Америка ваквото планирање на просторот, по армиски терк, долго време се сметало за врв на продуктивноста, додека пак во Европа, особено во Германија, после војната се наметнала обратна тенденција. Новата концепција разработена од консултантската фирма Quickborner, ја нарекле Burolandschaft – канцелариски пејзаж.

На прв поглед во канцеларискиот пејзаж сите маси се расфрлани без некаков ред, под различен агол едни кон други, формирајќи работни зони со разна големина и конфигурација.

ubavini-i-uzasi-na-okeanski-2.jpg

Меѓутоа, како што објаснува Дафи, токму во тој хаос се крие јасен ред, кој се основа на деталното изучување на заемните односи меѓу различни одделенија и одделни лица. И ако во старите канцеларии зборувањето меѓу соработниците не се поттикнуваше, тогаш ситуацијата во новите, сосема спротивно, ги поттикнувала да разменуваат мислења. Менаџерите во секој поглед станале поблиски со соработниците, ликвидирањето на кабинетите овозможило значително да се заштедат средства, а унапредувањето во службата веќе не значело големо оддалечување од работниот колектив, освен што среќлијата добивал поголема маса. Впрочем, денес милиони службеници се соочени со целата "убавина" на блискоста со началството и учеството во опсудувањата, кои за вас можат да бидат крајно неинтересни. А да не зборуваме за тоа дека некој може гласно да зборува по телефон над вашите уши, не давајќи ви да се сосредоточите на работата.

 

РОЗОВ ШУМ

Истражувањето направено во 1988 година од страна на Британското списание за психологија, покажало дека фонот на шум, кој содржи неповрзани делови од зборовите, им пречи на луѓето да запомнат текстови или да пресметуваат нешто во главата. Меѓутоа, како што укажува лекторот на Универзитетскиот колеџ во Лондон, Алекси Мармот, тој медал има и обратна страна, бидејќи во некои канцеларии од отворен тип царува гробна тишина. "Во многу такви канцеларии во редови стојат компјутери, зад кои во целосен молк работат луѓе, и верувајте, ним тоа не им се допаѓа". Всушност, колку потивка канцеларијата, толку потешко може да се води приватен разговор.

ubavini-i-uzasi-na-okeanski-3.jpg

Така што некаков фон на шумот, како на пример во ресторан каде што има и други гости, дури е и неопходен. Некои компании нашле излез во создавањето на вештачки шум, таканаречен "розов шум", кој доаѓа од звучници во особено тивките канцеларии. Но, шумот или неговото отсуство не се единствениот проблем на канцелариите од отворен тип. Често кавгите со колегите се случуваат поради честите телефонски разговори, мирисот на јадењето, кое некои сакаат да го јадат на работното место, клима-уредот (да се вклучи или не), завесите (да се подигнат или спуштат) и слични други работи. Сите такви постојани кавги, разногласија или едноставно раздразнетости кои се акумулираат, често доведуваат до стрес и како последица од него до зголемен крвен притисок или други болештини. Едно истражување направено во Шведска во 2009 година апсолутно покажало дека луѓето што имаат индивидуални канцеларии се чувствуваат многу покомотно, отколку работниците во средни или големи канцеларии од отворен тип.

 

Штедење или удопство?

Не е чудно што уште во 70-тите години во Германија, Холандија, Шведска и Италија било усвоено законодавство, кое им дозволува на работниците сами да одлучуваат во какви канцеларии им е попријатно да работат. "На тој начин, пејзажните канцеларии во Германија и Скандинавија заминаа во минатото", објаснува Френк Дафи. Денес во Северна Европа акцентот се става врз офис-модулите, кога "секој работник има прозорец низ кој може да погледне, врата која може да ја затвори и ѕид во кој, доколку сака, може да ја чука главата". Во новите типови канцеларии, како по правило, има ходници и се сместени мали одделни кабинети. А во најнапредните седишта на компании има нешто во вид на "централна улица", каде што по желба работниците можат да се среќаваат.

Од своја страна Велика Британија и САД тргнаа по патот на штедењето, кога тоа е поважно од удопството на работникот. На пример, едно работно место во лондонскиот Вест Енд (четири мерти квадратни) чини 13.000 долари годишно. Затоа не е чудно што таму концелариите од отворен тип остануваат како норма.

 ubavini-i-uzasi-na-okeanski-4.jpg

Модулните канцеларии создаваат само илузија на индивидуално пространство. За волја на вистината во САД нашле компромис во вид на преносни ѕидови со висина од метар и половина, кои создаваат привид на индивидуално пространство. Но, според зборовите на Дафи, тоа е "патологија и ужасно зло", затоа што таквите кабинчиња во стварноста не ве прават газда на сопственото пространство, туку го блокираат целиот простор. Конечно, современите материјали, удобните фотелји и маси ја разубавуваат сликата, но вкупно северноамериканската концепција на отворени канцеларии, еве веќе сто години останува непроменета и луѓето и натаму мечтаат за свој кабинет.

Меѓутоа, според мислењето на Алекси Мармот, современата канцеларија не треба да биде компромис меѓу индивидуалното и заедничкото пространство, туку да ја игра онаа улога која се бара од него во дадениот момент. Како пример таа го дава музикантот од оркестарот, кој вежба сам, но свири во колектив. Алекси смета дека канцелариите можат да поминат и без маси: "Многу млади луѓе зборуваат дека претпочитаат неформална атмосфера, затоа што за работа им треба лаптоп и чашка кафе", појаснува таа.

Таква канцеларија Мармот веќе видела во Швајцарија. Таму работниците можат за себе да избираат удобен диван, масичка за кафе, лежалка, да одат во библиотека или дури и во малата ботаничка градина и да работат таму меѓу растенијата. Но, за да можат работодавачите да им овозможат на своите соработници таква слобода, ним пред сè им е потребно да го преосмислат востановениот стил на работа и комуникација, а тоа не оди секогаш лесно.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top