Насловна / Градежништво / Дали армираниот бетон ќе биде заменет од текстилниот бетон?

Дали армираниот бетон ќе биде заменет од текстилниот бетон?

dali-armiraniot-ke-bide-zamenet-od-tekstilen-1.jpgКлучниот елемент на пронајдокот е во тоа што за стабилизацијата на
бетонот, место челични шипки се користат текстилни влакна. Градбите кај
кои се користи обичен, армиран бетон, мораат да се обезбедат од различни
опасности – пред сè челичните носачи мораат да се заштитат од корозија.

 

 Јозеф Хегер, професор во Ахен, вели: "Со цел армираниот бетон да се заштити од корозија, слојот бетон мора да биде со дебелина од најмалку 8 до 9 сантиметри. Со текстилниот бетон дебелината може да ја намалиме на два до два и пол сантиметри. Покрај штедењето, главната предност е што на тој начин можат да се градат многу ‘пофилигрантски’ градби".

 

dali-armiraniot-ke-bide-zamenet-od-tekstilen-1.jpg

 

Текстилниот бетон е поиздржлив од армираниот бетон

"Кога ќе се спомне зборот текстил, луѓето обично помислуваат на облека или постелнина. Но, текстилот што се користи за стабилизација на бетонот со тоа нема никаква врска. Влакната се произведуваат од карбон, значи од јаглерод или од стакло. Тие текстили имаат поинаква структура од другите. Стаклените влакна се поставуваат едни преку други, така што се создава еден вид решетка која потоа се зацврствува во специјален процес.

 

dali-armiraniot-ke-bide-zamenet-od-tekstilen-2.jpg

Таа решетка се вградува во течниот бетон кој потоа мора да се стврдне. Кога е во прашање издржливоста, така направениот текстилен бетон може и тоа како да му конкурира на армираниот бетон", вели инженерката Мира Екерс. Научниците овој нов вид градежен материјал прво го користеле за одделни делови на згради, и тоа само во Германија. Сега текстилниот бетон се користи и во САД, Израел, Грција и Јапонија. Меѓутоа, и во тие земји текстилниот бетон се користи само во одделни делови на зградите. Бидејќи армираниот бетон е стандард веќе со децении, и скепсата кон нешто што се вика текстилен бетон е голема.

 

Текстилниот бетон штеди бетон и пари

 

Научниците од Ахен сакаат да помогнат во промовирањето на овој нов градежен материјал и да го пласираат како вистинска алтернатива за армираниот бетон. А за да им успее тоа, тие мора да докажат дека текстилниот бетон може да се користи и кај поголемите згради. Поради тоа, новата зграда на Институтот за текстилна техника на текстилниот бетон во Ахен целосно е направена од тој материјал. Но, има и други примери, вели градежниот инженер Штефен Јанетцко: "Направивме 10 -12 фасади и се надеваме дека во наредните години ќе добиеме уште проекти.

 

dali-armiraniot-ke-bide-zamenet-od-tekstilen-4.jpg

Првите прототипови се произведуваат во мали серии. Тоа значи дека се релативно скапи. Но, во догледно време, за година до две, ќе произведуваме поголеми серии и тогаш овој материјал ќе стане вистинска конкуренција на пазарот". Градежниците од целиот свет тогаш ќе можат при градењето на новите згради да употребуваат потенки бетонски делови и со тоа не само да штедат бетон, туку и пари.

 dali-armiraniot-ke-bide-zamenet-od-tekstilen-5.jpg

Ова е шанса за сиромашните земји, кои мораат да се откажат од многу битни инфраструктурни проекти, затоа што за нив им се неопходни илјадници тони бетон.

 

Биљана Сто јановиќ, дипл.град.инж.

Испрати коментар

Scroll To Top