Насловна / Арт и дизајн / Art Basel Miami Beach 2014

Art Basel Miami Beach 2014

art basel

Од 4 до 7 декември, целиот крем на уметничкиот свет повторно се собира во Мајами. Светскиот уметнички саем Art Basel, кој започнал како скромен уметнички саем, денес претставува еден од клучните глобални уметнички настани и ја доби својата помлада верзија во сончевиот Мајами. Како една од најголемите уметнички изложби „од другата страна на Атлантикот“, таа ќе биде домаќин на повеќе од 250 галерии од различни земји, заедно со делата на некои од најреномираните современи уметници. Самиот саем опкружува и безброј други културни настани.artbasel

Повеќето од делата што оваа година пристигнуваат на Art Basel Miami Beach ќе бидат лоцирани во големиот простор на Miami Beach Convention Center. Изложбата на јавната уметност ќе биде поставена во паркот Soundscape, а на двете локации ќе бидат прикажувани филмови. artbasel (2)

Љубителите на дизајнот не треба да ги заобиколат ниту просторите на Design Miami. Тие официјално се одвоени од главната програма, но секогаш се одвиваат во рамките на Miami Art Basel. Секоја година овој настан ги привлекува водечките дизајнери, галеристи, колекционери и трговци на уметнички дела, куратори и критичари и сите оние што ги претставуваат најновите струи во светот на индустрискиот и продукт дизајнот.

Испрати коментар

Scroll To Top