Насловна / Вести / Проект за изградба на пешачка патека до црквата „Св. Јован Канео“

Проект за изградба на пешачка патека до црквата „Св. Јован Канео“

jovan kaneo

Министерството за транспорт и врски го објави Јавниот оглас за изработка на проектна документација за изградба на пешачка патека од охридскиот плоштад до црквата „Св.Јован Канео“ и поврзување со патека до плажата Лабино, пишува OhridNews.

Проценетата вредност на проектната документација без ДДВ е околу 19.000 евра или 1,2 милиони денари.

Во рамки на делот за видот на договорот за јавна набавка пишува дека се работи за категоријата: Архитектонски услуги; инженерски услуги и интегрални инженерски услуги; услуги за просторно планирање и инженерски услуги за уредување на земјиштето; поврзани научни и технички советодавни услуги; услуги за технички испитувања и анализа.

Критериум за доделување на договор е најниската цена, а при постапката ќе се користи електронска аукција.

Крајниот рок за доставување на понудите е 17 декември 2014 година до 10 часот, кога ќе се одржи и јавното отворање на истите. Во огласот пишува дека Период на важност на понудата е 90 денови или до 17 март 2015 година.

Испрати коментар

Scroll To Top