Насловна / Вести / Арктикот умира, може да остане без мраз во летните месеци

Арктикот умира, може да остане без мраз во летните месеци

Меѓународен тим на истражувачи ја заврши едногодишната мисија за собирање податоци за регионот на Арктикот, каде што климатските промени предизвикуваат најдрастични промени, со докази за умирање на Арктичкиот океан и предупредување дека ледениот појас може да остане без мраз во текот на летото.

После една година одење низ светот, германскиот истражувачки брод се вратил дома, завршувајќи ја најголемата научна експедиција на Арктикот во историјата, чија цел била подобро разбирање на регионот што брзо се менува поради глобалното затоплување, пишува Њујорк Тајмс.

arktik

Бродот Поларстерн се приклучи на матичното пристаниште Бремерхавен скоро 13 месеци откако пловеше од Норвешка. Во октомври, тој беше намерно замрзнат во мразот северно од Сибир, на околу 550 километри од Северниот пол, а потоа пловеше илјадници километри северно и западно.

Експедицијата, со ротирачки контингент од околу 100 научници, техничари и членови на екипажот, наидувала на љубопитни поларни мечки, жестоки бури кои оштетија опрема, тенок мраз, но и пандемија предизвикана од коронавирус, што ја наруши логистиката, наведува весникот.

arktik1

Водачите на проектот МОЗАИК вреден 140 милиони евра организиран од Институтот Алфред Вегенер во Германија, сепак, ја опишаа мисијата како успешна. Тие велат дека богатството на податоци собрани на океанот, мразот, облаците, бурите и екосистемите на арктичкиот свет ќе биде од непроценливо значење за да им се помогне на научниците да го разберат регионот, кој се затоплува побрзо од остатокот на планетата.

Морскиот мраз во регионот постојано слабее во последните децении, а ледената плоча годинава била најниска од почетокот на мерењето на сателитите во 1979 година, истакнува Њујорк Тајмс, додавајќи дека затоплувањето предизвикало и нагло опаѓање на стариот, густ мраз.

arktik2

Целта на мисијата била истражувачите да бидат во мразот на Арктикот целиот годишен циклус, со цел да набљудуваат како се замрзнува во зима, а потоа се топи како што се приближуваат летните месеци, посочува Euronews.

Климатските промени никаде не се чувствуваат толку силно како на половите, па затоа клучно е собирањето информации во овие области, посочува Euronews, додавајќи дека мисијата собирала податоци за атмосферата, нивото на морскиот мраз, океаните и здравјето на екосистемот на Арктикот како индикатори за глобалното здравје

Истражувачкиот тим со себе донеле повеќе од илјада примероци мраз. Податоците од овие примероци ќе се користат за создавање климатски модели кои можат да помогнат во предвидување на феномени како што се топлотни бранови и обилни дождови, а исто така може да помогнат да се утврди како ќе изгледа климата во следните пет, 10, 50 или 100 години.

Исто така, биле собрани и податоци за организми кои живеат во екстремни услови за време на долгите зимски месеци на целосна темнина. Во поларните ноќи се земени примероци од водата под мразот за да се испитаат растителниот планктон и бактериите и подобро да се разбере како работи морскиот екосистем во екстремни услови.

Истражувачите кои учествувале во најголемата светска мисија на Северниот пол се вратиле во Германија со докази за умирање на Арктичкиот океан и предупредување дека за само неколку децении не може да има мраз во тој океан во текот на летото, посочува агенцијата Франс Прес. 389-дневното патување им овозможило на научниците да соберат важни податоци за последиците од глобалното затоплување.

Пред неговото враќање, водачот на мисијата Маркус Рекс изјавил за АФП дека тим од неколку стотици научници од 20 земји ги виделе самите драматичните ефекти на глобалното затоплување на мразот во регион кој се смета за „епицентар на климатските промени“.

arktik3

“Видовме како Арктичкиот океан умира“, вели Рекс, илустрирајќи колку мразот се топи, велејќи дека мисијата можела да плови низ големи делови на отворено море „кои понекогаш се протегале до хоризонтот“.

“На самиот Северен пол, најдовме многу еродиран, стопен, тенок и кршлив мраз“, вели тој, додавајќи дека ако продолжи трендот на затоплување на Северниот пол, за неколку децении Арктикот ќе биде без мраз.

Откако бродот испловил од Тромсо, Норвешка, на 20.09.2019 година, екипажот доживеал долги месеци на целосен мрак, температури до -39,5 Целзиусови степени и видел повеќе од 60 поларни мечки кои морале да ги предупредат со истрели за да не се приближуваат премногу.

Сепак, според АФП, најголемата закана за мисијата била пандемијата предизвикана од коронавирусот, поради што екипажот бил на Северниот пол два месеци. Мултинационален тим од научници требало да замени некои колеги кои поминале неколку месеци на мраз, но планот морало да се промени кога летовите биле откажани низ целиот свет, бидејќи владите се обидоа да го запрат ширењето на вирусот.

Испрати коментар

Scroll To Top