Насловна / Архитектура / Архитектурата како верба дека општеството може да се планира

Архитектурата како верба дека општеството може да се планира

Во рамките на БИМАС 2016, во амфитеатарот на архитектонскиот факултет, вчера беше одржано предавање од страна на познатиот хрватскиот архитект, критичар и писател на книги за архитектурата, Мароје Мрдуљаш._DSC0663

Предавањето беше насловено „Модернизација отворени системи и трансформации“.

Веднаш на самиот почеток од предавањето, тој изрази поддршка за борбата на архитектите за сето она што се случува со и околу проектот „Скопје 2014“!_DSC0662

Самиот тој, изјави дека како мало дете бил во Македонија и во Охрид кој му останал во убави спомени, за во 2008 година повторно да дојде во Македонија.

Тогаш Скопје му изгледал сосема поинаков град од ова денешново Скопје.

Зборуваше за трансформациските промени, на објектите и градовите, за модерната архитектура и нејзините можности да ги прифати трансформациите на современиот живот._DSC0664

Спомена дека големиот јапонски архитекта Тадао Андо своевремено дал голем комплимент за работата на професор Георги Константиновски.

Архитектот Мрдуљаш во своето предавање зборуваше за објекти од нашата поранешна држава и нивната трансформација денес. Архитектурата била средство за комуникација во нашиот социјализам. Архитектура на челик, бетон, стакло, отворена архитектура со верба дека општеството може да се планира. Во своето предавање го спомена и Вјенцислав Рихтер и неговата архитектура, најпрво за неговиот павилјон за светската изложба од 1958 и како тој павилјон денес функционира пренесен во Белгија каде што служи како училиште. Потоа се осврна на архитектите Радован Никшиќ и Нинослав Кучан и за нивниот објект „Народен работнички универзитет“ во Загреб и за она што денес се случува таму. Беше претставен здравствениот центар во Лабин на архитектот Младен Водичка и неговата трансформација во дел на дом за стари лица. Исто така, гостинот  се осврна на Иван Црнковиќ и градинката во Самобор, Бруно Милиќ и планот за обнова на Задар од 1954, студиото UP Tома Пелиќ, Леа Пеливан и Дамир Гамулин Гамба и трансформацијата на зграда во центарот на Задар во хостел._DSC0668

Предавањето го заврши со осврт на Домот на социјалистичката младина во Сплит, кој почнал да се гради во 1978 година, но никогаш не бил целосно завршен. Долго време објектот стоел запуштен, за да во 1994 година групата ART SQUAT го преземе и се трансформира во центар со различни активности за младите._DSC0661_DSC0659 _DSC0672_DSC0671

Фото: Ангел Ситновски

Испрати коментар

Scroll To Top