Насловна / Архитектура / Архитектонски факултет, среќен 70. роденден!

Архитектонски факултет, среќен 70. роденден!

Вчера во Музејот на современа уметност во Скопје во присуство на сегашниот и поранешен наставен кадар, студенти, колеги и пријатели свечено се одбележи 70 годишниот јубилеј од основањето на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Архитектонскиот факултет во Скопје е формиран на 6-ти октомври во далечната 1949 година, како еден од двата најстари технички факултети во Република Северна Македонија.

72048982_2524146774318911_2875776326055231488_o
Во текот на своето 70 годишно постоење факултетот помина низ неколку значајни развојни фази. Првите студии по архитектура беа организирани во 1949 година во рамките на новооснованиот Технички факултет со два оддела: архитектонски и градежен. Подоцна, во 1955 година, во рамките на Техничкиот факултет, формиран е Архитектонско-градежниот факултет со два оддели – архитектонски и градежeн. Во 1976 година архитектонскиот оддел прерасна во самостоен Архитектонски факултет со единствена студиска програма по архитектура во траење од девет, односно десет семестри.

4
Во своето седумте децениско постоење, факултетот создал повеќе од 4000 архитекти преку образовна програма реализирана и пренесена од 130 професори.
На присутните им се обрати Ректорот на УКИМ потенцирајќи го значењето на факултетот и честитајќи го овој значаен јубилеј. Присутните ги поздрави деканот на факултетот, Проф. д-р Огнен Марина, со една ретроспектива на развојот на Архитектонскиот факултет, но се осврна и на важноста, значењето на оваа институција како и важноста на архитектурата воопшто.

о1
Во овие 70 години, Архитектонскиот факултет во Скопје создаде високи стандарди за едукација, респектабилни традиции и референца на врвна високообразовна институција по архитектура.

6
Редакцијата на Порта 3 од се срце го честита овој значаен јубилеј и посакува напредок на институцијата, а со тоа и напредок на архитектурата. Посакува уште многу значајни јубилеи и сесрдна помош од факултетот покрај во образовниот процес и во активно вклучување на институцијата во праксата и политиките во сферата на урбанизмот и архитектурата , како би се придонело во враќаењет на архитектурата на високо место во општеството кое природно и припаѓа.
Архитектонски факултет, среќен 70. роденден!

71667770_10157527978994417_3591267875559571456_n

10

7

2

11

71754525_10157527980414417_436684851291095040_n

72259709_10157527984319417_1017719868318810112_n

9

71201080_2518128488254073_1206696539557199872_o 123

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top