Насловна / Арт и дизајн / AQUA – самоодржлива градина за секој простор за живеење

AQUA – самоодржлива градина за секој простор за живеење

Животната средина и одржливото живеење се жешки теми веќе некое време, но во 2020 година, тие се претворија во лична обврска за луѓето ширум светот. Компостирањето е еден начин да се промовира одржливост во вашиот сопствен простор за живеење, што е докажано со AQUA, одржлив, содржаен систем за градинарство. AQUA е дизајн на Chaozhi Lin, а целта е луѓето со еколошка свест да можат да негуваат сопствена самоодржлива затворена градина, без оглед каде живеат.

1_resize 2_resize

Системот на AQUA се состои од три главни работни делови: контејнер за отпад од храна, подигната осветлена конструкција и три саксии со земја. Контејнерот со отпад се наоѓа на едната страна на внатрешната жардињера и ги претвора вашите остатоци од храна во компост за ѓубриво.

4_resize

5_resize

Елегантен, атрактивен уред за осветлување поставен е точно над саксиите на AQUA и обезбедува мини градина негувана со светлосна енергија.

6_resize

Внатрешниот систем за градинарство е целосно самоодржлив и е со прикладна големина, со цел да се вклопи во секоја кујна или простор за живеење. Системот функционира откако отпадот од храна ќе се фрли во контејнерот од левата страна, оплодувајќи ја почвата содржана во трите садови со умерени димензи, а секој од садовите дава енергија на растенијата да растат и напредуваат.

13_resize

Идејата на Chaozhi Lin да ја конципира AQUA е со цел „да не се чува храната во депонии“ и корисниците „да одгледуваат сопствена мала зеленчукова градина“, бидејќи храната сочинува 46,2 отсто од запалив отпад.

7_resize 8_resize 9_resize 10_resize 11_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top