Насловна / Арт и дизајн / Се бара српскиот Дејвид Атенборо

Се бара српскиот Дејвид Атенборо

Во светот постојат голем број насликани фасади. Ако зборуваме за регионални рамки, Белград има навистина интересни “јавни галерии“.

murali_Beograd1

murali_beograd2

 

Овој вид на уметност, меѓу другото се користи и за да се оддаде признание на некоја идеја или личност. Затоа, Британците во мај годинава одлучиле ѕидот на една продавница за тропски риби, во источен Лондон, да го освежат со ликот на сер Дејвид Атенмборо, прославувајќи го на тој начин неговиот роденден и неговата посветеност на природата веќе 93 години. Тој е познат британски водител, вљубеник во природата и еколошки активист. Неговото најпознато дело е серијалот од документарни емисии под името „Живот“.  Поради својата долгогодишна работа на полетот на едукацијата и подигањето на свеста за значењето на нашата планета, доделени му се бројни награди, меѓу кои и почесни докторати од престижните Кембриџ и Оксфорд.  Несекојдневен омаж на неговата работа претставува и фактот што најмалку 20 растителни и животински видови добиле име токму по него.

Наоѓајќи инспирација токму во овој лик и муралот во негова чест, српските вљубеници во овој вид уметност, но и поборниците за заштита на животната средина сега се прашуваат: Која е личноста од Србија заслужува мурал поради својот придонес во заштитата на животната средина?

murali-beogradatenborough

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top