Повеќе од 80% од корисниците на паметни часовници во Европа, истакнале дека со помош на истите првенствено ја следат својата физичка активност и квалитетот на сонот. Иако физичката активност е најчесто следената функција, која најголем број од испитаниците ја користат секојдневно, и натаму само 41% од граѓаните на Европа, си поставуваат дневна цел во бројот на чекори. Во просек станува збор за 7.000 до 8.000 чекори дневно, покажува истражувањето.


Исто така, 78% од жителите на Европа, ја препознаваат поврзаноста помеѓу животниот стил и општата здравствена состојба. Високи 80% од корисниците на паметни часовници, велат дека информациите кои ги добиваат од своите уреди ги поттикнале да ги променат секојдневните навики.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија