Насловна / Вести / Анаморфен мурал претворил улица во Монтреал во песочна дина

Анаморфен мурал претворил улица во Монтреал во песочна дина

Со употреба на боја и неколку сјајни топчиња, се создава илузија што е нова атракција во канадскиот град Монтреал.

mural1

Инспирација за овој мурал, избран на конкурс за познатиот монтреалски Авенија музеј, е брановидна дина, а и името на уметничката инсталација е Moving Dunes. Муралот, изработен од канадската архитектонска фирма NÓS, е на ниво на улица, веднаш до страната на Музејот за ликовна уметност, пишува This is colossal.

mural2

Анаморфното уметничко дело се состои од систем на линии на неутрални тонови, кои се по шеталиштето и создаваат визуелно измамен пат.

mural3

Хромираните топки се спорадично поставени долж улицата, за да ја рефлектираат околната архитектура, како и шарените бранови, на нејзината површина. Исто така, топките претставуваат суптилна бариера, така што само пешаците и велосипедистите можат да се движат по улицата.

mural4

mural5

mural6

Испрати коментар

Scroll To Top