Насловна / Арт и дизајн / Американец тврди дека прв го измислил ајфонот и има скици од уредот

Американец тврди дека прв го измислил ајфонот и има скици од уредот

Американецот Томас Рос тврди дека тој прв го измислил ајфонот (iPhone) и бара од Apple 7,5 милијарди долари отштета.

Американецот од Флорида своите тврдења ги поткрепува со цртежи на кои е прикажан електронски читач кој е замислен како прегледник на слики, видеа, филмови и друго, а би имал и комуникациски опции.tomas ros ajfon_2_resize

Неговиот уред исто би се напојувал со помош на батерија, а е со квадратен облик со заоблени агли. Рос барањето за патент го побарал во 1992 година, но бил одбиен бидејќи не ги платил сите потребни такси, пренесува MacRumors.tomas ros ajfon_1_resize

Освен 7,5 милијарди долари, Рос од Apple бара и 1,5% од севкупната продажба на уредите.

Испрати коментар

Scroll To Top