Насловна / Архитектура / Осум архитектонски бироа во конкуренција за реконструкција на шпанскиот музеј Прада

Осум архитектонски бироа во конкуренција за реконструкција на шпанскиот музеј Прада

Во тесниот избор за реновирање и адаптирање на дел од шпанската музеј Прада, влегле осум финалисти, објавија шпанските медиуми.

Од 47-те компании и архитектонски бироа, кои се пријавиле на тендерот за реновирање на музеолошки простор Salon de Reinos (Сала на кралевите на кралската палата Buen Retiro) изборот е сведен на осум. Меѓу нив се и архитектонските бироа на дури три добитници на Прицкеровата награда за архитектура – Норман Фостер, Едуардо Соуто де Моура и Рем Колхас.prada (2)_resize

Вкупните трошоци на реконструкција и адаптација се проценуваат на 30 милиони евра, а работата треба да биде завршени до одбележувањето на 200-годишнината на музејот, која се навршува во 2019 година.prada (1)_resize

Адаптација вклучува проширување на дел од музејот со 2500 квадратни метри, за да се обезбеди повеќе изложбен простор.

Salon de Reinos официјално е приклучен на Прада во октомври 2015 година и е дел од кралската палата Buen Retiro, каде што до неодамна бил Музејот на оружје.prada (3)_resize

Испрати коментар

Scroll To Top