Насловна / Дневни Вести / ААМ бара повлекување на законот за легализација на дивоградбите

ААМ бара повлекување на законот за легализација на дивоградбите

aam-logo_thumb.jpgСкопје  -
Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ)
 преку отворено писмо до Владата и до Собранието на
Република Македонија бара да се повлече Предлог законот за
  постапување со бесправно изградени
градби.

- Сметаме дека одредбите на овој
закон се пресложени, прескапи, неприменливи за најголем број на луѓе кои се
најлегитимна негова цел. Потребно е изготвување на ново, поинакво, поквалитетно
законско решение како дел од стратегијата за интегрално разрешување на појавата
на бесправната градба во Република Македонија, стои во писмото од ААМ.

ААМ, се посочува, не ја препознава уставноста и законитоста
во предложеното законско решение, а и
 транспарентноста во процесот на неговото
донесување сосема изостана.

- Ова обраќање преставува апел за преиспитување на
законот, за радикална измена на механизмите што тој ги предлага и за уважување
на изнесените генерални забелешки на архитектите – проектанти, планери,
урбанисти, се вели
 во
писмото.

Укажуваме, се нагласува, на непобитната потреба од заштита на
постојниот просторно-урбанистички систем како дел од државниот правен поредок
затоа што со овој закон се прави упад во системот со несоодветни планерски и
уредувачки активности.

- Предложената своевидна
„амнестија” на бесправноста не е поткрепена со елементарна аргументација, така
 што веднаш се забележува изместеноста на
неговата целна група, отстапувањето од принципите на доброто управување,
недискриминацијата, рамноправноста, доверливоста…
  Очигледно недостасува повикување и усогласеност
со важечките закони кои се во директна корелација со суштината и спроведувањето
на предложениот закон, како што се Законот за просторно и урбанистичко
планирање, Законот за градење, Законот за сопственост и други стварни права,
Законот за животна средина, Законот за катастар на недвижности, Законот за
градежното земјиште, Законот за данок на имот како и Кривичниот законик кој во
членот 244-а (од 2008 год.) предвидува кривично дело „Бесправно градење”, стои
во писмото од ААМ. (МИА)

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top