Насловна / Хортикултура / Егзотични видови

Егзотични видови

egzoticni-vidovi-1.jpgВо озеленувањето во Македонија во голема мера покрај домашните
(автохтони) се употребуваат и видови донесени од друг природен ареал
(алохтони видови), приспособени за вегетирање во условите на нашето
поднебје. Овие видови се нарекуваат егзоти. Кога станува збор за
егзотични видови, прво што паѓа на памет кај нашата популација се
палмите (Arecaceae или Palmae) и други тропски видови, меѓутоа покрај
нив постојат и други лисно и цветно декоративни видови кои вреди да се
споменат.

 

Постојат голем број видови кои од дамнина се донесени кај нас и тие дури се сметаат за автохтони. Но, сепак, станува збор за алохтони видови (пр. Robinia pseudoacacia – багрем). Во овој број посебно внимание ќе обрнеме на цветно декоративните егзотични дрвја и грмушки кај нас. Тоа што овие видови ги класифицирам во цветно декоративни не значи дека во периодот кога не се расцветани не се декоративни, напротив, но тие најмногу импресионираат со своите импозантни цветови и бои токму кога сезоната е во полн ек.

 

Albizia julibrissin

 

Кај нас нема општо прифатено народно име, па може да се сретне како Свилено дрво, Мимоза, Свилена мимоза или Албиција. Природниот ареал на Абицијата е Југоисточна Азија. Таа е мало листопадно дрво или грмушка која расте 5 до 12 метри во височина. Круната и е широка, а може со кроење лесно да се оформи чадоресто. Кората е темна, зеленкасто-сива. Листовите и се долги 20- 40 см и 1-1,5 см широки. Интересно е што во текот на ноќта листовите ѝ се затвараат. Процветува во текот на летото, формирајќи густи цветови, раздвоени се без латица.

 

Плодот претставува мешунка со кафена боја, 10-20 см долг, 2-3 см широк, а во собе содржи неколку семки. Најдобро успева на сончеви експозиции, југ, запад и југозапад, иако може да издржи и пониски температури до -10 Целзиусови степени но не многу долг период. Во младоста додека целосно не се оформи се случува често преку зимскиот период под влијание на ниските температури целосно сите гранчиња да и одпаднат.

 

egzoticni-vidovi-2.jpg

 

Magnolia spp.

 

Родот магнолија содржи преку 200 видови на цветни листопадни и зимзелени видови кои припаѓаат на фамилијата Magnoliaceae. Цветовите се многу големи, термално поставени, со неколку чашни ливчиња, кои многу често се слични со венечните. Се размножуваат со семе или со зелени резници. Името го има добиено по францускиот ботаничар Пјер Магнол. Природниот ареал на магнолиите е дисјуктен, со поголема концентрација во источниот и југоисточниот дел од Азискиот континент, како и во источниот дел од Северна Америка и Западна Индија. Кај нас може да се сретнат голем број видови од родот на Магнолија. Меѓу најзастапените се Magnolia grandiflora – крупноцветна магнолија, Magnolia obovata – крупнолисна магнолија, Magnolia soulangeana – хибридна магнолија, Мagnolia liliiflora и други. Видовите од овој род многу добро се адаптирале на нашите услови и наоѓаат голема примена во уредувањето на зелените површини.

 

egzoticni-vidovi-1.jpg

 

Lagerstroemia indica Овој вид претставува апсолутен хит во последните неколку сезони во уредувањето кај нас, како на приватните така и на јавните површини. Вид кој припаѓа на фамилијата Lythraceae, со природен ареал во Источна Азија (Кина, Кореја, Јапонија). Листопаден вид кој достигнува височина до 6 метри, а исто така ако се остави природно да расте без да се интервенира, може да се развие до 6 метри и во широчина. Цветовите може да бидат во најразлични бои (бели, розови, црвени, виолетови). Овој вид е отпорен на ниски температури.

 

Филип Филипоски, дипл.шум.инж.

Испрати коментар

Scroll To Top