Статуите во природна големина од голиот Трамп беа откриени истовремено во Њујорк, Сан Франциско, Лос Анџелес, Сијател и Кливленд.
Противниците на републиканскиот кандидат за претседател на САД Доналд Трамп се обидоа на комичен начин да го исмеат во неколку држави.
„Анатомски е точно се, одлично дело. Само рацете му се преголеми“, вели Антони Венке.
„Мислам дека е пресмешно. Ми се допаѓа“, вели Алексис Гинез.
Автор е колективот „Индиклајн“, сочинет од уметници, музичари и филмски работници.