
Архитектите од “Tengbom Architects” осмислија студентската куќарка со површина од 10 м² која е достапна за секого, еколошка, енергетски ефикасна, одржлива и практична во однос на дизајнот и материјалите.

Проектот е резултат на успешна соработка на прозведувачот од дрвна индустрија “Martinsons” и компанијата “AF Bostäder” која работи со недвижнини. Со цел подобро да се одговори на потребите на студентите и да се најде одржливо и прифатливо решение, студиото “Tengbom” работеше на овој проект заедно со студентите.

Иако просторот е ограничен на само 10 квадратни метри, оваа куќарка нуди катче за спиење, кујна и купатило.

Со помош на ефикасен план на куќата и вкрстеното лепење на ламинатот од кој е направена, цената за сместување на студентите е исклучително ниска, а влијанието врз животната средина е минимално.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија