Архитектонското студио AP+E од Ирска дизајнираше павилјон, кој функционира како отворена училница каде што децата може да учат за растенијата.
Целата структура е изработена од природни и самоодржливи материјали кои формираат простори за игра на децата и воедно се формира и амфитеатар каде може да се одржуваат предавања. Инсталацијата е ограничена со дрвени столбови поставени кружно во просторот.

Процесот на учење за растенијата и нивното одгледување е овозможено преку поставување на разновидни саксии како дел од самата структура, каде што секое дете може да си одгледува сопствено растение.


Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија