
Белградскиот аеродром „Никола Тесла“ ќе го прошири Терминалот 2 поради зголемениот обем на сообраќај, а планирано е работите да започнат во декември. Нвиот терминал ќе има 11.000 квадратни метри и ќе биде со модерен изглед, стаклена фасада и голем атриум, велат одговорните од аеродромот.

На катот е предвидено формирање н централизирана чекалница со четири излези со авио-мостови, а во приземјето ќе има чекалница со четири излези за авиони, што ќе го зголеми вкупниот број н аизлези за 40%. Вредноста на инвестицијата е проценета на повеќе од 15 милиони евра. Капацитетот на аеродромот ќе се зголеми од сегашните 5,5 на 7,5 милиони патници годишно. Комплетната изведба на предвидените работи ќе трае девет месеци.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија