Насловна / Вести / Доделување на музејските награди „18 Мај“ на МНК ИКОМ

Доделување на музејските награди „18 Мај“ на МНК ИКОМ

ikom nagradi

Македонскиот национален комитет на Меѓународниот совет на музеите (МНК ИКОМ) вечерва во 19 часот во Чифте амам свечено ќе ги додели традиционалните награди „18 Мај – Меѓународен ден на музеите“. Тоа се награди кои се врачуваат во неколку категории за проекти и активности во доменот на истражувањето, презентацијата и популаризацијата на културното и природното наследство, реализирани во 2014 година. Категориите се однесуваат на Музеј на годината, музејски проект, музејски проект со поткатегорија Проекти осмислeни за посебни целни групи, Награда за музејски работник и Надворешен музејски соработник.

ikom nagradi

За Музеј на годината е прогласен Музејот на современа уметност во Скопје.

Испрати коментар

Scroll To Top