
Ве водиме во прекрасната куќа скриена во шумите на Гватемала, која е проектирана од архитектите од студиото Solis Colomer.

Со прозорците што се протегаат од подот до покривот сопствениците се во постојан контакт со природата.

Домот е отворен, прозрачен и светол, но всушност има повеќе поделеност отколку другите модерни куќи. Собите се одвоени, а топлината и флуидноста кон отворениот простор се изведува кон околината односно шумата.

Куќата има и приватна уметничка галерија.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија