
Дали сте слушнале за новиот урбанистички концепт за домување на покривите на високи згради? Еден од градовите во кои тоа се практикува е Грац. Дури и ако тоа е само привремено сместување.
Овој необичен концепт на домување со големо задоволство го прифатила управата на хотелот „Даниел“ во Грац. На самиот врв на хотелот е поставена нова туристичка атракција во форма на коцка, целосно опремена за домување. 
Ентериерот на хотелот „Даниел“ е инспириран од златните 50-ти години на минатиот век, и е реализација на Studio Aisslinger, а во 2006 година заедно ја добиле наградата за хотел на годината.

Новопоставената мансарда е со 44 квадратни метри и има поглед на сите четири страни и на целата панорама на градот Грац.
Оваа уникатна номадскa архитектура може да стане вистинска туристичка атракција на многу градови.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија