Веќе неколку години постојат гласини дека најголемата словачка енергетска компанија Slovenské Elektrárne (SE) ќе се продава. Но, откако челникот на италијанската Enel, која има 66% удел во SE изјави дека се размислува за продажба на уделот, гласините станаа реалност. Enel планира да продаде различен имот вреден 4,4 милијарди евра, со цел да ги намали долговите од околу 37 милијарди евра. Словачката влада, која поседува 34% од компанијата, сè уште нема никакво службено известување за овој деловен план, но сосема е извесно дека нема финансиски средства да ги откупи овие 66%. Владата вложи огромни средства за довршување на третиот и четвртиот реактор во НЕ Моховце. Инаку, вкупната моќност на производствените капацитети на SE изнесува 5.739 MW и тоа во 34 хидроцентрали, две нуклеарни централи, две термоцентрали и две фотоволтаични централи.