Насловна / Вести / Со проект вреден стотина милијарди фунти, Египет го развива земјоделството во пустински предели

Со проект вреден стотина милијарди фунти, Египет го развива земјоделството во пустински предели

Египет реализира еден од своите најголеми земјоделски и инфраструктурни проекти, чија цел е дел од пустинското земјиште западно од делтата на Нил да го претвори во нови обработливи површини. Проектот е познат под името „Нова Делта“. Сепак, не станува збор за нова река, туку за сложен систем од канали, цевководи, пумпни станици и постројки за преработка на вода. Задачата на овој систем е водата од различни извори да ја донесе до подрачјата кои досега биле главно неплодни и непогодни за земјоделство.

Трошоците за проектот достигнуваат 800 милијарди египетски фунти. Планирано е системот да обезбеди вода за околу 924.000 хектари. Водата ќе се обезбедува преку две главни траси, од кои секоја е долга околу 150 километри. Енергетската инфраструктура во склоп на проектот има вкупна моќност од 2.000MW. Еден од најважните објекти е постројката „Нова Делта – Ел Хамам“, проектирана за преработка на околу 7,5 милиони кубни метри вода дневно.

Проектот “Нова Делта“ би требало да го зголеми домашното производство на житарици, зеленчук и други земјоделски култури, да ја намали зависноста од увоз на храна и да отвори нови работни места. Покрај земјоделските површини, планирана е и изградба на патишта, дистрибутивни центри, складишта и пратечка инфраструктура. Проектот е започнат во 2021 година, и реализиран е во повеќе фази. Одредени негови делови се завршувани етапно, а во мај годинава свечено е пуштен во работа.

Испрати коментар

Scroll To Top