Центарот за урбана култура „Регенератор“ во Забок, Хрватска е прогласен за најуспешно достигнување во сите области на архитектонското творештво во 2025 година. Престижната награда „Виктор Ковачиќ“ на Хрватското здружение на архитекти (УХА) ја освоија авторите на проектот, архитектонското биро MVA / Mikelić Vreš Arhitekti, на свеченото отворање на Годишната изложба на достигнувања на хрватските архитекти во 2025 година, што се одржа на 4 јули 2026 година, во паркот Максимир во Загреб. Со церемонијата на доделување на наградите, беше отворена и Годишната изложба на достигнувања на хрватските архитекти во 2025 година.

Жирито нагласи дека најголемиот квалитет на „Регенератор“ е фактот што успеал да „генерира нов градски центар“. Во поранешната индустриска зона Забок, проектот воведува нов модел на урбаност – отворен, јавен и програмски слоевит простор што ги поврзува културата, образованието, претприемништвото и општествениот живот.

Комплексот е организиран како склоп од три волумени околу централен плоштад што не е само влезен простор, туку вистински јавен форум и место за собирање на граѓаните. Концертната сала, просторите за вежбање на музичарите, арт – кино, просторите за здруженија, хостелот и работните простори создаваат разновидна мрежа на објсодржини што овозможува постојана активност и средби меѓу различни генерации и корисници.

Жирито особено нагласи дека „Регенератор“ ги надминува поединечните архитектонски интервенции и покажува како внимателно обликувани јавни содржини можат да станат двигател на урбаната регенерација. Проектот не само што ја ревитализира индустриската зона, туку создава и ново општествено и просторно јадро на Забок.

Најважниот квалитет на проектот Центарар на урбана култура Регенератор е фактот што успеа да генерира нов градски центар. Во контекст на зоната обележана со складишта, хали и рецентни комерцијални типологии на големи трговски волумени, проектот воведува поинаков модел на урбаност, полежерен, јавен и програмски слоевит.

Комплексот е конципиран како збир од три волумени организирани околу централен плоштад. Овој плоштад претставува клучен урбан елемент. Тоа не е само предпростор на зградата, туку вистински јавен форум што функционира во текот на целиот ден. Неговата постојана активност потврдува дека е постигната проектантска намера и дека е создаден простор за собирање, средби и размена во малиот град Забок. На оваа микролокација, јасно е видливо како комплексот станува иницијална точка на формирање на нов урбан центар.

Поврзувањето на сите волумени св приземјето е особено важно. Континуираното ниво на партерот овозможува внатрешна комуникација и различни сценарија на користење, но во исто време го нагласува јавниот карактер на целиот комплекс. Комплексот функционира како мала урбана структура, еден вид микрокосмос или „мал град“ во градот во кој различни содржини се испреплетени и комплементарни.

Разновидноста на програмата е клучна за успехот на проектот. Концертната сала со простори за вежбање на музичари, работните простори во Силосите кои се издаваат под наем и на тој начин остануваат отворени за пошироката заедница, како и арт – кино, просторите за здруженија и хостелот во Инкубаторот создаваат континуирана флуктуација на корисници од различни генерации и интереси. Проектот не е насочен кон една хомогена публика, туку воспоставува платформа за средба на културни, образовни и претприемачки иницијативи. Токму оваа повеќеслојност го прави моќен социјален генератор.

Материјализацијата е доследна со контекстот и наследството на локацијата. Избрани се рационални, економични материјали кои не се стремат кон претставување или демонстрација на материјален луксуз. Нивната вредност лежи во нивната функционална и контекстуална соодветност. Индустрискиот карактер на градот и меморијата на производството се препознаваат и реинтерпретираат без носталгија, но и без декоративност. Архитектурата останува воздржана, дозволувајќи програмата и општествената динамика да бидат во преден план.

Централниот плоштад, кој во одредени ситуации се трансформира во концертен простор со отворена сцена како еден вид четврти елемент на комплексот, дополнително ја нагласува флексибилноста и отвореноста на комплексот. На овој начин, Регенераторот дејствува истовремено како една зграда и како мало соседство организирано околу заеднички јавен простор. Проектот го надминува нивото на поединечна архитектонска интервенција. Тој покажува како внимателно структуриран склоп на јавни и полујавни програми може да стане иницијална точка на урбаната регенерација. Регенератор не само што ја ревитализира индустриската зона, туку активира и ново општествено и просторно јадро на градот.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија