Насловна / Вести / Нови клинички центар ќе се гради кај салата „Борис Трајковски“ – преку тунел ќе се поврзат со „8-ми Септември“

Нови клинички центар ќе се гради кај салата „Борис Трајковски“ – преку тунел ќе се поврзат со „8-ми Септември“

Владата останува на ставот новиот Клинички центар во Скопје да се гради на платото пред спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Според премиерот Христијан Мицкоски оваа локација нуди најдобро решение за заокружување на еден модерен здравствен комплекс.

„Сакаме тука да го направиме целиот комплекс кој со подземен тунел би се поврзал со актуелната болница ‘8-ми Септември’. Со оглед на тоа што во непосредна близина се наоѓаат и ПЕТ-центарот и поликлиниката ‘Букурешт’, ова ќе биде еден целосно заокружен медицински центар“, појасни Мицкоски на вчерашниот брифинг со новинарите.

Бидејќи станува збор за земјиште во приватна сопственост, во тек се преговори со сопственикот за размена на парцели („земја за земја“), а премиерот изрази задоволство од досегашниот тек на преговорите.

Паралелно со проектот во Скопје, премиерот најави дека Владата продолжува и со реализација на неколку клучни капитални објекти во здравството низ државата. Меѓу нив се изградбата на Клиничката болница во Штип (заедно со медицински факултет и студентски дом), Клиничката болница во Тетово, како и новиот Здравствен дом со проширена дејност во Кичево.

Испрати коментар

Scroll To Top