Зедничкиот глас на 47 организации од граѓанскиот сектор од Западен Балкан, обединети во апелот до владите во регионот, јасно порачуваат: плановите за изградба на нови гасоводи и гасни електрани нема да донесат реална алтернатива на рускиот гас – напротив, ќе ја продолжат зависноста од увоз на фосилни горива и ќе ја зголемат потрошувачката на гас.
Како што истакнуваат во заедничкото соопштение, наместо да служат како мост кон енергетската транзиција, овие проекти креираат гасна замка – вмрежување кое води кон поголема, а не кон помала употреба на природниот гас на Западен Балкан. Во последните години, проектите како што се интерконекторите Грција – Македонија, ТПГ терминалите во Црна Гора и Албанија, како и јужните гасни интерконекции помеѓу Хрватска и Босна и Херцеговина, добиваат силна поддршка од САД. На овогодишниот самит во Дубровник, најавено е потпишување на спогодба токму за гасна врска Хрватска – БиХ, додека најавениот ТПГ терминал во Бар во Црна Гора веќе наидува на остро противење на локалното население и граѓанскиот сектор.

Организациите ги повикуваат владите од регионот да се фокусираат на соларни и ветерни електрани, со поддршка на постоечките хидроелектрани и силни интерконекции во електроенергетската мрежа, како и на користење на топлински пумпи, геотермална енергија и отпадна топлина за греење и ладење. Исто така се повикува и на зајакнување на мерките на енергетска ефикасност и декарбонизација на сообраќајот.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија