Насловна / Архитектура / Фондацијата „Миленија и Дарко Марушиќ“ распиша конкурс за награда во областа на станбената архитектура

Фондацијата „Миленија и Дарко Марушиќ“ распиша конкурс за награда во областа на станбената архитектура

Фондацијата „Миленија и Дарко Марушиќ“ (MДM) распиша конкурс за втората регионална награда за исклучително творечко дело реализирана во областа на станбената архитектура, наменета за архитекти и авторски тимови од просторот на поранешна Југославија.

Наградата се доделува за најуспешна архитектонско дело реализирано во текот на последните три години, 2024, 2025 и 2026 година, до датумот на поднесување на конкурсот, а вклучува проекти од Србија, Хрватска, Словенија, Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина – просторот на кој твореле Миленија и Дарко Марушиќ.

Конкурсот е наменет за проекти кои, преку истражувачки пристап и општествена одговорност, го преиспитуваат современото домување, ги поместуваат границите на постојната пракса и ги потврдуваат хуманистичките вредности на архитектурата. Критериумите за оценување се базираат на принципите што ги одбележаа педесетгодишното творештво на Миленија и Дарко Марушиќ – принципот на контекстуалност, единство на просторот (помеѓу архитектурата и урбанизмот, ентериерот и екстериерот), амбиентизација на просторот, еволуција на идеите и професионална етика.

Пријавите се поднесуваат електронски од 1 септември до 15 октомври 2026 година, со испраќање на материјалот на: [email protected] преку WeTransfer линк или сродни сервиси за пренос на датотеки.

Станбена зграда Елипса во Љубљана

Наградата вклучува повелба и парична сума, а се финансира од основачките средства на Фондацијата, создадени во текот на петте децении работа на Миленија и Дарко Марушиќ.

За проектите ќе ги одлучува жири, во кое ќе бидат вклучени претставници на добитниците на наградите од претходната година, а кои официјално ќе бидат објавени подоцна.

Церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи на 27 ноември, кога сите пристигнати трудови ќе бидат презентирани на еднодневна дигитална изложба. Детали за натпреварот и преглед на целиот правилник се достапни на веб-страницата на Фондацијата:

https://mdmfondacija.org/wp-content/uploads/2026/06/MDM_fondacija_Pravilnik.pdf

Минатата година, првата регионална награда на Фондацијата им беше доделена на авторските тимови Садар+Вуга Архитекти и Студио Криштоф за проектот „Станбена зграда Елипса“ во Љубљана, како и на тимот Деклева/Грегориц Архитекти, за проектот „Двојна алпска куќа“ во Крањска Гора.

Фондацијата „Миленија и Дарко Марушиќ“ е основана со цел да ја промовира архитектурата како важен сегмент од културата, да го зачува едно од најзначајните домашни архитектонски опуси и да ги поддржи идните генерации архитекти кои веруваат во моќта на архитектурата да обликува подобро општество.

Двојна алпска куќа“ во Крањска Гора

Испрати коментар

Scroll To Top