Насловна / Вести / Речиси 80% од граѓаните на Црна Гора, се подготвени да ги менуваат навиките заради заштита на животната средина

Речиси 80% од граѓаните на Црна Гора, се подготвени да ги менуваат навиките заради заштита на животната средина

Во Црна Гора, речиси 80% од граѓаните се подготвени да ги променат своите навики заради заштита на животната средина, додека околу 70% верува дека државата може успешно да ги исполни обврските од оваа област, покажало истражувањето на јавното мислење за заштота на животната средина и Поглавјето 27 (дел од преговорите со ЕУ).

Министерот за екологија, одржлив развој и развој на северот, оценил дека резултатите се охрабрувачки, но и дека укажуваат на областите кои бараат дополнителна работа и унапредување на политиките во наредниот период. Тој истакнал дека во процесот на услогласување со европската правна регулатива, остануваат за транспонирање уште два закона – Законот за управување со отпад и Законот за заштита на природата, по што активностите во оваа област би биле во завршна фаза.

Според резултатите од истражувањето, 76% од граѓаните се подготвени да ги менуваат своите навики во корист на заштитата на животната средина, додека над 4/5 од испитаниците сметаат дека затворањето на преговорите за Поглавјето 27 е важно првенствено поради здравјето на граѓаните. Авторот на истражувањето, проф.д-р Милош Бешиќ, соопштил дека истражувањето го спровела агенцијата „Спектрум Аналитика“, на примерок од 1.000 испитаници во текот на април и мај. Тој укажува дека покрај ставовите на граѓаните, мора да се следат објективните показатели за состојбата со животната средина. Како еден од најважните меѓународни индикатори го издвојува Environmental Performance Index (EPI), според кој Црна Гора се наоѓа ма 73-тото место од 180 држави, со скор од 47,7 поени. Професорот Бешиќ подвлекува дека најголемите предизвици и натаму се присутни во областа на загадувањето на воздухот со ситни честички, како и во управувањето на отпадот и заштитата на водите.

Испрати коментар

Scroll To Top