Насловна / Вести / 47 организации предупредуваат: Гасните проекти на Западен Балкан, ќе заменат една зависност со друга

47 организации предупредуваат: Гасните проекти на Западен Балкан, ќе заменат една зависност со друга

Зедничкиот глас на 47 организации од граѓанскиот сектор од Западен Балкан, обединети во апелот до владите во регионот, јасно порачуваат: плановите за изградба на нови гасоводи и гасни електрани нема да донесат реална алтернатива на рускиот гас – напротив, ќе ја продолжат зависноста од увоз на фосилни горива и ќе ја зголемат потрошувачката на гас.

Како што истакнуваат во заедничкото соопштение, наместо да служат како мост кон енергетската транзиција, овие проекти креираат гасна замка – вмрежување кое води кон поголема, а не кон помала употреба на природниот гас на Западен Балкан. Во последните години, проектите како што се интерконекторите Грција – Македонија, ТПГ терминалите во Црна Гора и Албанија, како и јужните гасни интерконекции помеѓу Хрватска и Босна и Херцеговина, добиваат силна поддршка од САД. На овогодишниот самит во Дубровник, најавено е потпишување на спогодба токму за гасна врска Хрватска – БиХ, додека најавениот ТПГ терминал во Бар во Црна Гора веќе наидува на остро противење на локалното население и граѓанскиот сектор.

Организациите ги повикуваат владите од регионот да се фокусираат на соларни и ветерни електрани, со поддршка на постоечките хидроелектрани и силни интерконекции во електроенергетската мрежа, како и на користење на топлински пумпи, геотермална енергија и отпадна топлина за греење и ладење. Исто така се повикува и на зајакнување на мерките на енергетска ефикасност и декарбонизација на сообраќајот.

 

Испрати коментар

Scroll To Top