Седумнаесеттото издание на извештајот за банкарство на климатскиот хаос (Banking on Climate Chaos – BOCC) открива дека 65 најголеми светски банки издвоиле 906 милијарди долари за компании за фосилни горива во 2025 година, што е зголемување од 8% во однос на претходната година.
Од потпишувањето на Парискиот договор пред една деценија, овие банки насочиле 8,7 билиони долари во операции со нафта, гас и јаглен, соопштува организацијата Rainforest Action Network. Во подготовка е извештај за ова финансирање, кој е како што тврдат „најсеопфатниот збир на податоци од отворен тип“ на светот за финанирањето на фосилните горива од страна на комерцијалните банки. Извештајот го подготвуваат следните организации: Rainforest Action Network, BankTrack, Center for Energy, Ecology, and Development, Indigenous Environmental Network, Oil Change International, Reclaim Finance, Sierra Club и Urgewald.
JPMorgan Chase и натаму е најголем финасиер на фосилни горива во светот. За оваа намена обезбедил 58 милијарди долари во 2025 година, што е зголемување од 12,6% во однос на 2024 година.

Bank of America е на второто место со 47 милијарди долари, а јапонската Mitsubishi UFJ Financial Group (MUFG) е на третото место. „Валканите дванаесет“ (Dirty Dozen) – дванаесет најголеми банки за фосилни горива – сега обезбедуваат речиси 40% од глобалното банкарско финансирање на фосилните горива преку приближно 2.000 банки ширум светот.
Финансирањето на компании кои активно го зголемуваат користењето на фосилните горива забележало раст од 27%, на 508 милијарди долари во 2025 година. Тоа е рекорден раст. Секое такво финансирање, е неспоиво со ограничувањето на глобалното затоплување на 1,5°C, сметаат од Rainforest Action Network.

Уделот на американските банки во глобалното банкарско финансирање на фосилните горива се зголемил нна 32%, во однос на 28% во 2021 година. Воедно, тие претставуваат најголем поединечен извор на фосилен капитал во светот. Европските банки покажуваат најјасен тренд на пад на овој вид финансирање. Но, има исклучоци како што се Standard Chartered, Deutsche bank и HSBC. Rainforest Action Network потсетува дека кризите со фосилни горива предизвикани со војните во Украина и на Блискиот исток, покажуваат дека зависноста од фосилни горива е структурен извор на глобална нестабилност. Три четвртини од човештвото живее во земји кои увезуваат фосилни горива и сноси сериозни трошоци поради секое нарушување во снабдувањето. По затворањето на Ормутскиот теснец, големопродажните цени на гасот во ЕУ двојно се зголемија, додека во Југоситочна Азија се воведени мерки за намалување на потрошувачката. Се покажало дека 84% од профитот од американската нафта и гас, зголемен поради војната во Украина, завршува во џебовите на 10% најбогати поедници, додека сите останати ја плаќаат цената. По се изгледа дека овој образец ќе се повтори и во 2026 година.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија