За повеќето локалитети, ознаката на УНЕСКО претставува меѓународно признание и потврда за исклучителна културна или природна вредност. Меѓутоа, како што пишува Би-Би-Си, во некои делови од Европа се повеќе се слушаат гласовите на оние кои веруваат дека цената на таков статус станала превисока.
Еден од најпознатите примери е австрискиот Халштат, мало место на брегот на истоименото езеро, кој има околу 700 жители. Откако беше запишан на листата на УНЕСКО во 1997 година, а потоа стана глобално познат благодарение на социјалните медиуми и наводна инспирација за цртаниот филм на Дизни „Frozen“, Халштат се соочи со огромен туристички притисок.

Според податоците што ги обезбеди Би-Би-Си, ова место годишно го посетуваат до еден милион туристи.
„Доаѓаат, фотографираат пет минути и си одат“, изјави еден жител за Би-Би-Си, опишувајќи го феноменот на масовниот туризам кој честопати носи повеќе проблеми отколку корист за локалната заедница.
Поради огромниот прилив на посетители, локалните власти во последните години поставувале физички бариери за да спречат редици за фотографирање на најпознатите видиковци, додека истовремено се драсправа за дополнително ограничувања за туристичките автобуси.
Иако повеќето жители не се залагаат за формално отстранување од листата на УНЕСКО, Би-Би-Си известува дека Халштат станал симбол на поширока дебата за тоа колку долго еден мал историски град може да го издржи својот успех.

Халштат
Словачки град кој смета дека УНЕСКО го попречува
Уште поинтересен пример доаѓа од словачкиот град Банска Штиавница, некогаш еден од најважните рударски центри во Европа.
Историското јадро на градот е на листата на УНЕСКО од 1993 година, но некои локални службеници и жители веруваат дека строгите режими на заштита ја отежнуваат обновата и развојот на градот. Би-Би-Си пренесува дека некои критичари тврдат дека бирократијата поврзана со заштитата на наследството станала пречка за инвестициите и адаптацијата на објектите на современите потреби.

Банска Штиавница
По големиот пожар кој во 2023 година оштети дел од историскиот центар, се покренаа дополнителни прашања за тоа колку постојниот систем за заштита овозможува ефикасна реконструкција.
Секако, постојат и спротивставени мислења. Многу жители веруваат дека статусот на УНЕСКО претставува најголема меѓународна вредност на градот и дека без него, Банска Штиавница би била многу помалку видлива на европската културна мапа.
Како се губи статусот на светско наследство?
Иако повремено се јавуваат повици за преиспитување на придобивките од статусот на УНЕСКО, доброволно откажување практично не постои.
До денес, само три локации се отстранети од списокот на светско наследство.
Прво беше резерватот на арапската антилопа орикс во Оман, кој го изгуби статусот во 2007 година откако државата значително го намали заштитеното подрачје и со тоа го загрози опстанокот на видот поради кој локалитетот првично беше впишан, пишува Би-Би-Си.

Оман
Две години подоцна, следеше случајот со долината на реката Елба во Дрезден. УНЕСКО процени дека изградбата на новиот мост трајно го променила културниот пејзаж, поради што подрачјето добило заштита.
Најпознатиот пример се случи во 2021 година кога историскиот пејзаж на Ливерпул е отстранет од списокот по години спорови околу нови градежни проекти и развој на крајбрежјето. УНЕСКО заклучи дека новите интервенции неповратно го промениле карактерот на просторот.
Со други зборови, статусот не е изгубен затоа што локалната заедница повеќе не го сака, туку затоа што УНЕСКО процени дека вредностите поради кои локалитетот бил запишан се изгубени.

Ливерпул
Интересно е што губењето на статусот на УНЕСКО не секогаш има драматични последици за туризмот. Дури и по отстранувањето од списокот на светско наследство, Ливерпул продолжи да привлекува посетители благодарение на своето музичко наследство, спортот и силниот културен идентитет, додека Дрезден остана една од најважните туристички дестинации во Германија и покрај тоа што повеќе нема ознака на УНЕСКО.
А Македонија?
Додека во Халштат, Банска Штиавница или во некои други европски области се води дебата за тоа дали статусот на УНЕСКО привлекува премногу туристи, Македонија е на спротивниот крај од спектарот. Тука, повеќето места сè уште се надеваат на поголема меѓународна видливост, повеќе посетители и нови уписи на Списокот на светско наследство.
Во меѓувреме извештајот за заштита на природното и културното наследство на Охридскиот Регион е официјално доставен до УНЕСКО, а одлуката за неговиот статус се очекува во јуни.

Во документот се опфатени преземените мерки за заштита, вклучувајќи планови за конзервација, управување и намалување на заканите врз природните и културните вредности.
Државите страни (Македонија и Албанија) доцна минатата година добија рок од Комитетот на УНЕСКО да достават извештај до 1 февруари 2026 година со цел да се исполни условот за одложување на впишувањето на регионот на Листата на светски наследства во опасност. Ова следеше по одлуката на Комитетот да им се даде дополнителна година за спроведување мерки поради забелешките од реактивните мониторинг мисии и претходни нацрт-одлуки кои укажуваа на слабости во заштитата на вредностите на регионот.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија