Насловна / Архитектура / Zaha Hadid Architects го обликуваат новиот културен пејзаж на Хангжу

Zaha Hadid Architects го обликуваат новиот културен пејзаж на Хангжу

Zaha Hadid Architects најавуваат нов културен епицентар во Хангжу, Кина, на една од најинтересните урбани линии на градот покрај каналот Жедун.

Наместо поранешни индустриски зони, тука ќе се создаде амбициозен културен округ кој ги комбинира архитектурата, пејзажот и модерниот градски живот во единствена, проточна целина.

Планираниот комплекс собира голем број јавни содржини: библиотека, центар за млади, галериски простор, музичка сала, фитнес центар и музеј, сите внимателно распоредени во зелени паркови, плоштади и отворени концертни простори. Новиот кварт е замислен како продолжение на градот – место за состаноци, движење и култура – додека мрежа од мостови и пешачки патеки ги поврзува двата брега на каналот во континуирана урбана прошетка.

Карактеристичните, волумени ја носат јасната ДНК на Zaha Hadid Architects, но овој пат силно инспирирани од природниот релјеф на Хангжу. Архитектурата не доминира со просторот, туку органски се прилагодува на теренот, создавајќи визуелен ритам кој се менува од секој агол.

Во самиот центар на комплексот се наоѓа библиотека со транспарентни фасади и скулптурални колони кои, покрај нивната естетска улога, имаат и практична функција – служат како простори за складирање и архивирање. Во непосредна близина се гради зграда со повеќеслојни тераси, чија структура ја следи линијата на блискиот брег и се отвора кон водата.

Проектот е целосно усогласен со постојната инфраструктура на мегаградот, но и со неговите предизвици. Посебен акцент е ставен на напредните технологии и урбанистичките решенија за спречување на поплави, со што архитектурата се позиционира не само како естетски, туку и како долгорочен одржлив одговор на климатските промени.

Новиот културен кварт во Хангжу е замислен како зелен коридор во срцето на градот – простор каде што современата архитектура, природата и секојдневниот живот се среќаваат без остри граници, во препознатливиот, флуиден јазик на едно од највлијателните архитектонски студија денес.

Испрати коментар

Scroll To Top