Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, одлучила да ги отстрани стотината подводни мерни инструменти кои подолго од една деценија собираат клучни податоци за состојбата во водите на Атланскиот и Тихиот океан. Така научниците би изгубиле увид во промените кои имаат значајно влијание на климата и морските екосистеми.
Над 900 мерни иструменти поставени во склоп на проектот Ocean Observatories Initiative (OOI) собираат податоци за физичките, хемиските, геолошките и биолошките услови од сите слоеви на Атланскиот и Тихиот океан, вклучувајќи го и наводното слабеење на системот на атлански струи кои имаат битна улога во распоредување на топлината помеѓу северната и јужната хемисфера и регулирањето на климата на Планетата.

Состојбата на океаните има големо влијание врз климата. На пример, во океанските длабочини се заробени огромни количини јаглерод диоксид, чие ослободување во атмосферата бо можело значително да ги забрза климатските промени, пишува Scientific American и напоменува дека демонтажата на системот OOI претставува најнов потег на Трамповата администрација во правец на намалување на поддршката на климатските истражувања. Минатата година е најавено затворање на Националниот центар за атмосферски истражувања (National Center for Atmospheric Research – NCAR), но со судска одлука тоа е привремено блoкирано.

На крајот на мај, OOI соопштила дека федералната агенција на САД за поддршка на науката – National Science Foundation (NSF) – започнала процес на отстранување на целокупната инфраструктура со четири од пет мрежи на подводни инструменти инсталирани во склоп на проектот. Ќе бидe демонтиранa мрежа од инструменти покрај брегот на американските сојузни држави Орегон и Вашингтон, чии податоци се од клучно значење за проучување на подрачјето на Тихиот океан, во кој се одвива една четвртина од годишниот глобален улов на риба. Исто така, ќе биде отстранета и станицата во Ирмингеровото море во Атлантикот, која собира клучни податоци за системот на океански струи под името Атланска меридионална пресвртна циркулација (Atlantic meridional overturning circulation – AMOC), за која некои научници сметаат дека слабее, а неговиот колапс би можел да има катастрофални последици по климата.
Во функција ќе остане само една мрежа на сензори на морското дно. Се протега од брегот на Орегон до тектонската плоча Хуан де Фука во Тихиот океан. Од NCF велат дека намерата не е да се укине OOI, туку да се премине на пофлексибилен пристап, со цел да се даде приоритет на нови научни истражувања и технологии, како и на паметно управување со истражувачката инфраструктура. Проектот OOI е предвиден да трае 25 години. Со буџетот од NSF за фискалната 2026 година, планирано е намалување на финансирањето на OOI за 80%.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија