Европската Комисија ја објави првата цена на CBAM сертификатот за првиот квартал на 2026 година, на својата веб страница посветена на Механизмот за прекугранично прилагодување на јаглеродот (Cross Border Adjustment Mechanism), што означува важна пресвртница во спроведувањето на овој пропис. Првата квартална цена изнесува 75,36 евра за tCO2eq.

CBAM стапи на сила на 01.01.2026 година, од кога алуминуиуот, ценентот, електричната енергија, железото, челикот, водородот и вештачките ѓубрива кои се произведени надвор од ЕУ, а се извезуваат во ЕУ подлежат на т.н данок на јагкерод во согласност со CBAM. Рокот за поднесување на CBAM сертификати за 2026 година е 31.05.2027 година. Европската Комисија објаснува дека оваа година ќе ја објавува цената на квартално ниво, а веќе во 2027 година на неделно ниво. Кварталната цена ќе се пресетува како квартален просек на аукциските клиринг цени на дозволите за CO2 во склоп на системот за тргување со емисии на ЕУ (EU ETS).
Европската Комисија истакнува дека овластените CBAM декларанти, односно компании кои ја плаќаат оваа такса, ќе почнат да купуваат CBAM сетрификати дури од февруари 2027 година.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија