Насловна / Вести / Сојуз на стопански комори на Македонија – онлајн настан: AI во маркетингот – новиот стандард за раст

Сојуз на стопански комори на Македонија – онлајн настан: AI во маркетингот – новиот стандард за раст

AI во маркетингот – новиот стандард за раст, онлајн настан во организација на Сојуз на стопански комори на Македонија и DINNA AI, посветен на иднината на маркетингот.

Во време кога брзината, стратегијата и автоматизацијата го дефинираат успехот, AI повеќе не е опција; туку неопходност.

На овој настан ќе дознаете:

  • Што претставува AI во маркетингот (и разликата помеѓу традиционален и генеративен AI)
  • Кои се најголемите бенефити за мали и средни претпријатија; зголемена ефикасност, пониски трошоци и побрз раст
  • Како да изградите стратегија базирана на податоци, а не на претпоставки

Дополнително, сите учесници ќе добијат:

  • еден месец бесплатен пристап до DINNA AI

DINNA AI е наше сопствено, патент-пријавено технолошко решение, дизајнирано да им помогне на бизнисите да го дигитализираат и автоматизираат својот маркетинг – од дефинирање на идеален клиент, до креирање стратегија, содржина и управување со социални мрежи, кампањи и аналитики; сè на едно место.

Овој настан е наменет за:

сопственици на мали и средни бизниси, кои сакаат да останат конкурентни во новата ера на дигитален раст.

Датум: 02/04/2026

Време: 12:00 PM

Локација: Онлајн

Резервирајте го вашето место на линкот https://forms.gle/DvrmxitJbEgixiZj7 и направете го првиот чекор кон паметен, автоматизиран и скалабилен маркетинг.

Испрати коментар

Scroll To Top