Насловна / Вести / Потреси поради блокадата на Ормускиот теснец: Кому нафта прелива, а кому се повеќе недостасува

Потреси поради блокадата на Ормускиот теснец: Кому нафта прелива, а кому се повеќе недостасува

Ефектите од војната меѓу Америка и Израел против Иран стануваат видливи низ целиот свет. Додека земјите во Персискиот Залив го намалуваат или дури и го запираат производството, бидејќи конфликтот го блокира извозот и нема повеќе простор во нивните складишта, државите кои инаку се нивни најголеми купувачи се обидуваат да ја „преживеат“ оваа криза, па додека  резервоарите им се празни, воведуваат забрани за извоз на деривати.

Од една страна се Ирак, Кувајт и Саудиска Арабија, како најголеми извозници, а од друга, Кина, Индија, Јужна Кореја и Јапонија, како најголеми купувачи на нафта од Персискиот Залив.

Околу 26,6 отсто од светското производство на сирова нафта поминува низ Ормускиот теснец, каде што војната го блокираше псообраќајот. Шокот во снабдувањето ги зголеми цените на нафтата, ги потресе финансиските пазари, ги зголеми цените на горивата и ги зголеми стравувањата од поширок економски удар.

Четирите најголеми производители во регионот – Саудиска Арабија, Ирак, Обединетите Арапски Емирати и Кувајт – го намалија своето заедничко производство за вкупно 6,7 милиони барели дневно, пренесува Блумберг. Овие намалувањата, што претставуваат најопиплива реакција на страната на понудата од почетокот на војната, значат дека оваа група држави го намали заедничкото производство за околу една третина, со што го глобалната понуда на нафта е намалена за околу шест отсто.

Конфликтот во регионот, кој влезе во втората недела и во кој се вклучени повеќе од 10 земји, ги принуди производителите да го намалат производството бидејќи фактичкото затворање на главната извозна рута доведе до пополнување на капацитетите за складирање.

Поради пореметувањето цените на нафтата вчера се искачија на речиси 120 долари за барел, но потоа паднаа откако американскиот претседател Доналд Трамп посочи дека војната наскоро би можела да заврши.

Според изворите, Саудиска Арабија го намали производството за помеѓу два и 2,5 милиони барели дневно, Обединетите Арапски Емирати за 500.000 до 800.000 барели дневно, Кувајт за околу 500.000 барели дневно, додека Ирак го намали производството за околу 2,9 милиони барели дневно.

Пропорционално, Ирак забележал најдлабоки резови во производството. Намалувањата во Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Кувајт изнесуваат околу 20 до 25 отсто од нивните нивоа на производство од февруари, според податоците што ги собрал Блумберг.

Од друга страна, Кина, Индија и Јужна Кореја се големи увозници на нафта и гас од Заливот, што исто така ги прави и ранливи. Кина, на пример, увезува 70 до 75 отсто од својата потрошувачка на сирова нафта. Таа е најголемиот увозник на нафта од Персискиот Залив, со 5,4 милиони барели дневно, а меѓу првите го забрани извозот на деривати од земјата во обид да ја ублажат сегашната енергетска криза. По Пекинг, најголемите увозници на нафта од регионот се Индија со 2,1 милион барели дневно, Јужна Кореја со 1,7 милиони барели дневно и Јапонија со 1,6 милиони барели дневно. Извозот во Европа количински не е толку значаен како во првите четири земји, но е значаен поради ценовниот притисок што потрошувачите веќе го почувствуваа на пумпите поради зголемувањето на цените на горивата.

Аналитичарите велат дека нападот на Доналд Трамп врз Иран ќе нанесе поголем удар на европските и азиските економии отколку на самите САД, кои имаат силен домашен енергетски сектор. САД се нето извозник на природен гас од 2017 година и нафта од 2020 година, покажуваат официјалните податоци, што значи дека нивниот сопствен енергетски сектор има корист од зголемувањето на цените, дури и ако просечното американско домаќинство ќе биде силно погодено од зголемувањето на трошоците за бензин.

Спротивно на тоа, европските и азиските економии кои зависат од увоз на енергија се соочуваат со многу поголем пораст на инфлацијата, делумно затоа што цените на природниот гас на тие пазари се понестабилни отколку во САД и веќе се зголемија – а горивото е клучно за нивните домашни енергетски пазари.

„Фајненшл тајмс“ пишува дека повисоките цени, доколку се одржат, ќе поттикнат инфлација, ќе ја ограничат куповната моќ на домаќинствата и ќе му наштетат на растот на БДП во економиите ширум светот. Централните банки може да бидат принудени да ги држат каматните стапки непроменети подолго време или дури и да ја заострат политиката, додека владите се соочуваат со дополнителен фискален притисок доколку одлучат да интервенираат на енергетските пазари за да го ублажат влијанието врз потрошувачите.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва бележи значително зголемување на побарувачката за руски енергенси поради ситуацијата на Блискиот Исток и војната во Иран. Песков порача дека Москва нема да објавува никакви податоци за обемот од очигледни причини, бидејќи има премногу кои не и посакуваат добро, но нагласи дека Русија може да ја гарантира стабилноста на сите испораки што се склучени со договор.

Извор: RT Balkan

Испрати коментар

Scroll To Top