На Годишната изложба на достигнувања на хрватските архитекти – номинации за наградите на Здружението на хрватски архитекти (УХА) – во 2025 година, пријавени се 77 дела.
За наградата „Виктор Ковачиќ“ за најуспешно достигнување во сите области на архитектонското творештво за 2025 година номинирани се пет објекти, меѓу кои и детска градинка во Бибиње на архитектите Ива Летиловиќ и Игор Педишиќ од бирото АБ Форум од Задар.

Градинката се наоѓа во Бибиње, населено место во Задарската жупанија.
Локацијата на градинката е обележана со низа силни и меѓусебно спротивставени просторни влијанија: непосредната близина на железничка пруга и прометн пат, густата борова шума, природна вдлабнатина во теренот, пешачки премин кон морето, постоечко игралиште за бочање и планиран нов пристапен пат.

Проектот дополнително е одреден од ориентацијата, движењето на сонцето во текот на денот, доминантните ветрови и зоните на сенка и ладовина. Сите овие фактори ја дефинирале шемата на диспозиција и обликот на новата градинка.

Проектот е конципиран како систем од автономни, но меѓусебно поврзани единици кои лебдат над шарена површина од армирано – бетонски диск. Подигнатата платформа овозможува јасна дистанца од теренот и околните нарушувања, а истовремено го отвора објектот кон визури и светлина.

Секоја функционална единица е проектирана како посебен просторен микрокосмос – со сопствен поглед, сончеви и засенчени делови и директен пристап до надворешниот простор.

Единиците меѓусебно се поврзани со континуирана тераса што ја затвора кружна патека околу објектот. Оваа кружна организација не е само формален мотив, туку произлегува од разбирањето на движењето и играта на децата – бидејќи децата сакаат да трчаат во кругови.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија