Насловна / Архитектура / Про Локал – Битола објавува јавен повик за учество на 36-часовен архитектонско-програмски хакатон

Про Локал – Битола објавува јавен повик за учество на 36-часовен архитектонско-програмски хакатон

Про Локал е здружение на граѓани основано во Битола во 2009 година со цел унапредување на развојните процеси. Согласно Статут, Про Локал е доброволно и непрофитно, непартиско и невладино здружение кое работи на подобрување на условите за живот на граѓаните и севкупен одржлив развој на општеството.

Про Локал – Битола објавува јавен повик за учество на 36-часовен архитектонско-програмски хакатон за развој на идејно решение за Регионален младински ХАБ во Битола.

Настанот ќе се одржи во Крушево – Хотел Вила Гора; 07–08 март 2026; 36 часа + 1 ноќевање

Што е задачата?

Да се развие идејно архитектонско и програмско решение за современ, флексибилен и одржлив младински ХАБ кој ќе биде:

  • простор за неформално образование
  • место за креативна продукција
  • платформа за соработка
  • урбан симбол на нова генерација

Специјален предизвик

„НУЛА ДЕНАРИ ЗА СМЕТКИ“

Предложениот ХАБ треба да биде концептуализиран како објект со минимални или нула оперативни трошоци преку:

  • обновливи извори на енергија

пасивни архитектонски стратегии

  • циркуларни материјали

одржливо користење на вода

Кој може да аплицира?

Повикот е отворен за:

  • архитекти и студенти по архитектура
  • градежни инженери / студенти
  • дизајнери за внатрешно уредување
  • лица од областа на циркуларна економија / заштита на животна средина
  • млади лица од Пелагонискиот регион

Аплицирањето е индивидуално. Организаторот ќе формира четири интердисциплинарни тима од по пет лица. Во секој тим ќе биде вклучено најмалку едно младо лице од Пелагонија.

Како ќе работиме?

Хакатонот е структуриран во четири последователни сетови:

СЕТ 1 – Програмска анализа

Дефинирање на потреби, функции и просторна програма.

СЕТ 2 – Локација и типологија

Избор на микролокација во Битола и тип на објект.

СЕТ 3 – Архитектонско решение

Урбана интеграција типологија на објект

СЕТ 4 – Презентација

PDF буклет + краток визуелен материјал.

Награда

Победничкиот тим добива: тандем лет со параглајдер во Крушево или викенд во Панорама СПА

Што обезбедуваме?

  • Сместување (двокреветни соби)
  • Сите оброци и освежување
  • Работен простор и техничка поддршка
  • Печатење
  • Надомест за патни трошоци во висина на повратна автобуска карта

Како да аплицираш?

Пополнете ја пријавата (линк) и прикачете:

  • CV
  • Портфолио (доколку имате)
  • Кратка мотивација (до 300 зборови)

Рок за пријавување: 04. март 2026

Ова не е само конкурс. Ова е можност да дизајнираш простор што реално може да се изгради.

Испрати коментар

Scroll To Top