Една ластовичка со големо Л слетала меѓу новобелградските облакодери – кафуле чиј ентериер се каратеризира со разновидност на деталите и ситниците што вриеат од секој агол.
Сопствениците, брачен пар, го отвориле кафулето „Ластавица“ со желба на гостите да им пружат чувство на добредојде преку ентериерот.

Идејата им била да отворат кафуле каде што и самите би сакале да поминуваат време – да биде пријатно, топло и да зрачи со семејна атмосфера.
Самото име „Ластавица“ им дошло природно, бидејќи целиот станбен комплекс овде се вика така. Сакале името да биде препознатливо и блиско до луѓето – ластовичката како симбол, но и како практична одредница.
Во Нов Белград, секој се ориентира по населби, па сметале дека би било погодно кафулето веднаш да добие идентитет поврзан со локацијата. А им се допаднала и идејата да биде место каде секој може да „долета на кафе“.

Инспирација пронашле во стилот на седумдесеттите и осумдесеттите години, во тоа шаренило и смела комбинација на бои и дезени, што е тренд кој се враќа сè повеќе во дизајнот последниве години. На прв поглед, се чини дека некои работи не можат да се спојат, но потоа, кога ќе ги ставите заедно, всушност добивате полн погодок.
Сопствениците, кои сами си го урдувале ентериерот, биле инспирирани од разни детали што ги виделе попат – нешто на патувања, нешто на интернет или едноставно некој детаљ што им изгледал „кул“ и што сакале да го вметнат во просторот.

Дури и денес, кога ќе наидат на нешто што ги потсетува на тој период, често размислуваат како би се вклопило во „Ластавица“.
Комбинирале од различни места. Од Икеа која има одлична понуда во ретро стил од седумдесеттите и осумдесеттите години, па затоа од таму набавиле многу парчиња мебел.
Паралелно, посетувале и „бувљаци“ и „second-hand“ продавници, барајќи интересни детали и уникатни парчиња. Не направле голема набавка одеднаш, туку сè одело постепено – купувале секаде, носеле едно, па друго следниот пат. Кога отвориле, пред година и половина, имале многу помалку детали отколку сега. Идејата била постепено да ги додаваат и секој од нив да биде препознатлив, а не насилно да го трупаат просторот.

Денес тоа е веќе сериозна колекција – постојано се појавува нешто ново. Исто така, се случува домашните дизајнери кои ја препознаваат „вибрацијата“ на „Ластавица“ да им се обратат и да им понудат да ги изложат своите предмети во просторот, за што брачниот пар е особено задоволен.
На таванот се псотавени дела на академската сликарка Исидора Мерзано, која ја нашле на интернет и веднаш им се допаднал нејзиниот израз, виделе перспектива и помислиле дека за неколку години можеби дури и ќе се зголеми вредноста. Така дошле до идеја да ги постават сликите на таванот.

Имаат и дело од познатиот српски сликар, следбеник на поп-артот, Милан Циле Маринковиќ, кого го сместиле во барот, на место каде што е побезбеден – тоа е можеби единственото име што е навистина баш познато.

Идејата им била секој агол да има своја приказн, а сè заедно да се вклопува. Гостите велат дека тука се чувствуваат како да се во својата дневна соба, а тоа била и примарната цел на сопствениците – да создадат опуштена атмосфера. Не сакале да бидеме типична кафетерија со неудобни столчиња каде што го пиете кафето и веднаш продолжувате понатаму. Сакале просторот да понуди можност да се седне, да се разговара со часови, но и опција некој да помине, да пие кафе и да работи на лаптоп.
Сопствениците се луѓе кои обрнуваат многу внимание на деталите, па кога излегуваат, сакаат да седнат некаде каде што може да се доживее просторот, а не само да се пие кафе. Важно им е со пијалокот да добијат и искуство, атмосфера што останува во сеќавањето. Тоа го создале и во сопственото кафуле.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија